05 Мај, 2024
0.0224

Рецепт за прочистување на најважниот орган во телото!

Објавено во: Стил 03 Март, 2015

Добивај вести на Viber

 Нашите предци го сметале за најважен орган и биле уверени дека тој е центар на душата и сите животни функции. И биле во право, бидејќи црниот дроб исполнува 500 познати функции и претставува енергетски центар во нашето тело.

Според ексклузивниот рецепт на авторот Анатолиј Маловичко подгответе си пијалок кој одговара на сите луѓе од сите возрасти, а ефикасно го чисти црниот дроб.

Подготовка:

Три чаши суви плодови (шипки...) измијте со топла вода, ставете ги во големо тенџере, додајте три лажички брезни пупки и две супени лажички лист од брусница. Сето ова прелијте го со четири литри ладна вода и оставете да отстои 24 часа. Во друг сад ставте да зоврие литар вода. Измијте ја чашата од сувите плодови на шипка и ставете ги во зовриената вода.

Гответе околку 10 минути, потоа тргнете од оган и оставете да отстојат околу 24 часа. После тоа, садот со брезни пупки ставете го на оган и гответе 15 минути на умерен оган.

Додајте три лажички бела ајдучка трева и две лажички свила од пченка. Се заедно гответе 15 минути, тргнете од оган и оставете да отстои 15 минути.

После ова двете течности процедете ги низ еден слој газа и измешајте.

Готовиот пијалок ставете го во шишња од темно стакло и чувајте во ладилник најмалку пет дена. Секоја порција, пред да ја пиете, загрејте ја на пареа.