14 Декември, 2025
0.0471

Респираторни инфекции - ублажување и отстранување на симптоми и терапија

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2023 09:00

Добивај вести на Viber

Респираторните инфекции се делат според повеќе критериуми: место на инфекцијата, причинител, времетраење на болеста и компликации. Во зависност од времетраењето, инфекциите на респираторниот систем може да се поделат на акутни инфекции, повторувачки (чести) акутни инфекции и хронични инфекции кои траат повеќе од 3 месеци. Според местото на инфекцијата постојат инфекции на горните и инфекции на долните респираторни патишта. Многу почести  се  инфекциите на горните дишни патишта (настинка, воспаление на синуси, уво и грло). Овие инфекции генерално не се сериозни, но ако често се повторуваат и се долготрајни, може да го нарушат квалитетот на животот. Воспаленијата на долните дишни патишта (душник, бронхии и бели дробови) опфаќаат само 5% од сите инфекции на респираторниот систем. Инаку во  90% од сите случаи на респираторни инфекции причинители се вирусите . Тие вообичаено се манифестираат како настинки, но се комплицираат и предизвикуваат воспаление на слузницата на бронхиите. Бактериите како примарни причинители на инфекција се јавуваат во само 5-10% од случаите и најчести се инфекциите со стрептококи, Haemophilusinfluenza,MycoplasmapneumoniaeChlamidiapneumoniaeи др. кои што  од горните дишни патишта се спуштаат према бронхијалното стебло. Поретко причина можат да бидат и алергиски реакции .


Симптомите по кои се препознаваат се:покачена телесна температура, треска, раздразливост, главоболка, слабост, поспаност, болка во мускулите и зглобовите, губење на апетит. Подрастични  промени кои настануваат се зголеменасекреција и едем во бронхиите,а понекогаш ибронхоспазам.Како резултат на тоа како основен знак се јавува кашлицата. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлување на мукоидна,слузеста содржина. Бидејќи истата значајно го отежнува процесот на респирација и може да доведе до опструкција, неопходно е да се третира и да се отстрани како симптом. Како најефикасен метод за тоа, се препорачува инахалција на  хипертоничен р-р на NaCl во комбинација со муколтички средства.За ублажување на останатите симтоми тука се антипиретиците и аналгетиците и се разбира антибиотската терапија доколку е потребна и препишана само од лекар. Честите, но благи вирусни инфекции (како што се обична настинка, ринитис)  не бараат лекарски преглед и поминуваат за 5 до 7 дена. Но,за разлика од возрасните, кај децата повеќето вирусни инфекции се проследени со покачена телесна температура. Се препорачува избегнување на ризик факторите за појава на респираторни инфекции како што е изложување на респираторната слузокожа на хронични иританси, пред се чадот од цигари или загадениот воздух. Правилното  и навремено третирање на акутните инфекции  е битно за да нема повторувачки епизоди кои би преминале во хроничен случај.Но, можеби најважно од се е зајакнувањето на одбраната на телото  со внесување на здрава храна,доволно течности и баланс меѓу физичката активност и одморот на организмот.

Мр.Фарм.Александра Стрезоска

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија