19 Декември, 2025
0.0542

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

Објавено во: Економија 05 Април, 2025 09:36

Добивај вести на Viber

Четворица републикански сенатори се против американскиот претседател Доналд Трамп и сакаат да му ги намалат овластувањата за царините.

Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас и Том Тилис од Северна Каролина го поддржаа предлогот што во четвртокот го претставија републиканецот Чак Грасли од Ајова и демократот Марија Кантвел од Вашингтон.

Нивниот предлог-закон ќе ги укине новите тарифи во рок од 60 дена, освен ако двата дома на американскиот Конгрес не ги одобрат. Економистите предупредуваат дека Трамп ризикува рецесија, но Белата куќа вели дека царините за увезената стока ќе поттикнат инвестиции во домашното производство.

Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ им кажа на американските претставници дека новите царини од 20 отсто на Трамп за Европската унија (ЕУ) се „неоправдани“, но ја повтори посветеноста на ЕУ за „сериозни преговори“.

Американските медиуми јавуваат дека голем дел од стоките увезени во САД од остатокот од светот почнале да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии