15 Декември, 2025
0.0385

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2023 09:01

Добивај вести на Viber

Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат го потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“, доделувајќи го сертификатот – EUGMP (Good manufacturing practice). Овој сертификат е потврда за добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија. Покрај тоа EUGMP сертификатот е услов за влез на пазарот на ЕУ, но истовремено исклучително е важен и за пласман на другите пазари и во земји кои не се дел од Унијата.

Потврдата за квалитет на производите на „Реплек“ е уште еден силен адут за зајакнување на растот на извозот и освојување на нови пазари. Како резултат на новата извозна стратегија, компанијата во првата половина од годинава веќе оствари раст на продажбата на странски пазари од над 40%, а продажбата порасна и на домашниот пазар. Растот на странските пазари продолжува и во втората половина на годината.

„Огромно задоволство за нас преставува сертификатот – EUGMP, бидејќи тоа е гаранција за квалитетот на нашите производи и нашата конкурентност. Како извозна компанија која над 80% од продажбата ја остварува на странски пазари, овој сертификат е „пасош“ за нашите производи. Стратегија на компанијата не е само зајакнување на позициите, туку и унапредување на нашето портфолио, со што ќе креираме дополнителна вредност. Ги имаме сите услови за тоа, а резултатите што ги остваруваме покажуваат дека се движиме во вистинска насока“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

EUGMP – Good manufacturing practice е фармацевтски стандард воспоставен од Европската агенција за лекови кој ги дефинира производните процедури за фармацевтски производи, со што сите лекови што се продаваат на пазарите во ЕУ задолжително мора да ги исполнуваат  критериумите пропишани со стандардот.

„Добивањето на овој висок стандард по четврти пат е потврда за нашиот посветен пристап и континуирано вложување во производниот процес. Ова е потврда дека нашето производство  испорачува квалитетен производ со исти перформанси како во било која друга компанија во ЕУ. Ова е еден од највисоките и најстроги стандарди, а процесот на негово добивање е детален и многу строг. Ние успешно ги поминавме сите скалила, што е потврда за високата стручност на целиот тим на компанијата. Продолжуваме и понатаму да работиме посветено“, изјави Марјан Велковски,оперативен директор на „Реплек“.

Согласно својата стратегија компанијата продолжува да инвестира во имплементација на иновации, модернизација и трансформација, со што се пресретнуваат најновите трендови во

 фармацијата. „Реплек“ е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од фармацевтската програма се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е директна потврда за препознавање на нивниот висок квалитет. 


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија