03 Мај, 2024
0.0253

РЕКОРДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ: НБРМ измери, ваков раст немало од 2009 година

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Рекорден раст на цените на недвижнините во последното тромесечје. Становите поскапеле за дури 11,2 процентни поени на годишно ниво. Ваков раст не е регистриран во последната деценија, односно од бумот во 2009 година. Поскапувањето што на квартално ниво го објави Народната банка е историско и ако се споредува со претходните три месеци. Имено во октомври, ноември и декември недвижнините биле поскапи за дури 5,2 проценти од јули, август и септември. 


Овие бројки се само статистичка потврда на тоа што се случува на терен – недвижнините поскапуваат цела година, а најдрастичниот раст во последното тромесечје резултираше со цена на метарот квадратен во Скопје од дури 2.000 евра во некои делови на главниот град како Водно и Центар на пример. Во Карпош, особено во Козле. Капиштец цената стаса до 1.600 евра за метар квадратен. Ова поскапување градежнииците го правдаат со зголемувањето на цените на материјалите, но и неможноста односно ограниченоста да градат. Инаку во Скопје моментно во поскапуваните населби односно таму кде што е најскапо дури ни нема станови за купување.

Ако се анализира по квартали, поскапувањето е далеку најзначано во последниот иако не беше занемарливо и претхдните три. Во третото тромесечје годишната промена на ценат аизнесува 5,8 процентни поени, во вториот квартал поскапувањето било 4 отсто, а во првиот 3,2 проценти.

Во пандемиската 2020 година цените на недвижнините не се зголемија за повеќе од 2 отсто. Во неколкуте години претходно најголем раст имаше во 2019 година. Претходно во 2017 и во 2016 година дури има пад на цените на недвижнините. Инаку ваков раст не е регистриран од 2009 година наваму. Претходно цените се зголемуваа со ушпте поголем процент.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора изјави дека голем број фактори влијаат на продажната цена на станбениот простор, но најмногу растот на трошоците.

„Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според Државниот завод за статистика, од почетокот на 2021 година заклучно со октомври,  се издадени 3285 одобренија за градба. Во октомври 2021 имало 509 одобренија за градење, од кои 321 (63.1  процент) за објекти од високоградба, а 57 (11,2  проценти) од нискоградба. Предвидена е изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164.243 метри квадратни.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови,  а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите