Рекордно ниво на радијација во Фукушима
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2017
Радијацијата во јапонската нуклеарна електрана Фукушима, оштетена во разорниот земјотрес и цунами во 2011 година, достигнала рекордно, седум пати, повисоко ниво отколку пред пет години, соопшти енергетската компанија Тепко, во чија сопственост е електраната.
Како што се наведува во соопштението, со ендоскопски испитувања во просторија со реактор 2 кон крајот на јануари утврден е степен на радијација од 530 сиверта по часа, кој може да предизвика моментална смрт.
Портпаролот на компанијата Тепко, Тачуширо Јамагиши рекол за агенцијата Франс прес дека тој степен на радијација е повеќе од седум пати поголем од нивото измерен во 2012 година, кој изнесувал 73 сиверта по час.
Експерти наведуваат и дека на металната патформа во просторија со реакторот е откриена дупка од едно метро која најверојатно ја предизвикало течењето на гориво.
Три од вкупно шест реактори сериозно се оштетени во хаваријата предизвикана од земјотресот и цунами во март 2011 година, а со досегашните испитувања не било можно прецизно да се утврди дали во нив дошло до протекување на гориво.