14 Декември, 2025
0.0447

РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ ПАРИ – еве кои се причините

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024 07:39

Добивај вести на Viber

Најновиот финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија открива оти ќе се намалат вкупните средства кои оваа институција планира да ги потроши следната година.

Имено, во финансискиот план за 2025 година, кој веќе е пред собраниските пратеници, е наведено дека вкупните расходи или потребни средства за исполнување на планираните активности и обврски во 2025 година ќе достигнe 174.941.542 денари што претставува намалување на вкупните расходи од 2024 година кои биле планирани да надминат 230 милиони денари. Како што се посочува во планот, со ова ќе се потрошат точно 55.281.870 денари помалку. 

-  Регулаторната комисија за енергетика при планирање на расходите за работењето за 2025 година, се водеше од начелото за рационално и економично трошење на потребните средства со цел квалитетно, континуирано и ефикасно извршување на задачите, обврските и надлежностите – се наведува во финансискиот план доставен во Собранието.

Во планот може да се види дека за оваа година РКЕ требало да потроши над 230 милиони денари, но до крајот на септември биле потрошени само 101,4 милиони денари. Очекуваат до крај на годината да потрошат уште 63.174.450 денари, со што вкупно оваа година регулаторите би потрошиле 164,5 милиони денари, а не планираните 230 милиони.

Една од најголемите ставки во расходите на РКЕ очекувано се платите и надоместоците. Бројките откриваат дека за оваа година регултаорите планирале да потрошат 93.752.808 денари за плати и надоместоци, но до крајот на годината најверојатно ќе бидат потрошени 66,6 милиони денари. За следната година вклучувајќи ги и новите вработување кои се планираат, ќе бидат потрошени 96,9 милиони денари.

- Со предложениот финансиски план предвидени се средства за платите на вработените и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и нови вработувања што е предвидено да се реализираат во 2025 година, поради зголемениот обем на работни обврски, согласно новите надлежности на Регулаторната комисија за енергетика, предвидени со Законот за управување со отпадот – се нагласува во планот.

Уште една висока ставка од расходите на РКЕ за оваа година биле „Капитални и други средства“, со која требало да бидат потрошени вкупно 96.036.500 денари, но до крај на годинава ќе бидат потрошени само 6.160.500 денари. Следната година за капитални расходи се планираат 6,6 милиони денари.

-  Вкупниот потребен приход за работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2025 година изнесува 174.941.542 денари, и овој износ се планира да се оствари од приходи од наплата на надоместок за издавање на лиценци за вршење на енергетски дејности, во износ од 9.500.000 денари. Од надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за водни услуги 239.772 денари. Планиран приход од наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Македонија во износ од 108.034.044 денари. Планиран приход од наплата на посебен годишен надоместок утврден како процент на зафаќање од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водните услуги, во износ од 1.897.309 денари. Пренесен вишок на приходи од претходната година од 55.270.417 денари – објаснуваат од РКЕ.

Следната година РКЕ ќе го намали процентот на годишен годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Македонија утврден како процент на зафаќање во износ од 0,0360 отсто од вкупниот приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности. Минатата година овој процент изнесувал 0,0364 проценти.

Предлогот за намалување на процентот е пред пратениците, кои во следниот период треба да го изгласаат.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година