25 Април, 2024
0.0272

Регрутираат македонски дрвосечачи за работа во хрватските шуми

Објавено во: Економија 27 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Македонски дрвосечачи можат да аплицираат за работа во Хрватска.

Тие во наредниот период ќе бидат ангажирани во државните шуми во Хрватска. Се работи за група од 20 луѓе, но во иднина можно е да се бараат уште вакви кадри. Понудата е примамлива затоа што се нудат високи плати.

„Прво ќе пратиме 20 луѓе, но се надеваме дека ќе има и други групи понатаму. За прв пат добиваме ваква понуда, има барање за вработување на дрвосечачи. Сместувањето е платено, а платите се од 1.000 до 3.000 евра, зависно од тоа дали ќе работат  само на сеча на дрва, или ќе помагаат за транспорт на дрвата со трактори. Се јавуваат луѓе, и тоа претежно со искуство. Тоа се луѓе кои веќе работеле овде, но не се задоволни. Олеснителна околност за оние кои ќе заминат е сместувањето кое е платено“, вели Марија Велковска, менаџер во агенцијата за посредување  за работа во странство 44 Energy and Staff од Скопје.

Луѓето кои работеле на сеча на дрва во земјава објаснуваат дека тоа е тешка работа, но може и добро да се заработи.

„Работата во шума е една од најтешките. Сум работел пред неколку години кај нас, и сметам дека добар дрвосечач може добро да заработи, но сепак треба да се има в предвид дека е потребно време да се отиде в шума, има и терени кои не се многу пристапни, и колку што време се троши за сеча, уште толку време е потребно за товарање и транспорт на дрвата. За Хрватска, разликата во стандардот си го прави своето. Во Хрватска можеби се работи поорганизирано за разлика од кај нас, а платите се добри и се исплати таму да работите, а овде да трошите. Добро е тоа што на работниците им е платено сместувањето и тоа е голема предност “, вели Александар Ангеловски, кој работел на сеча на дрва.

Недостиг на работници веќе се чувствува и во одредени краеви на нашата земја. Во Малешевијата сѐ потешко се наоѓаат луѓе за сеча на дрва, а дневниците се движат од 1.200 до 2.000 денари.

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ