Регистрирани 521 нов случај на КОВИД-19, починати се три лица
Објавено во: Македонија 17 Август, 2022 14:02
Во изминатите 24 часа направени се 1.231 тестирање, а регистрирани се 521 случај на КОВИД-19, од кои 120 се реинфекции. Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица. Во моментов активни се 3.595 случаи на КОВИД-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 485 оздравени пациенти од: Скопје – 187, Битола – 35, Тетово – 31, Куманово – 27, Кавадарци – 22, Гостивар – 20, Кочани и Прилеп – по 18, Кичево – 17, Велес, Штип и Струмица – по 16, Ресен – 10, Берово – 9, Неготино – 8, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Делчево – 4, Демир Хисар – 3, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Пробиштип – по 2, Струга,Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски Брод, Демир Капија и Крушево – по 1.
Во изминатите 24 часа се пријавени две починат лица од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кичево (74г),починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5 август 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




