15 Мај, 2024
0.0319

Регионалната соработка и унапредување на конкуретноста главна тема на првиот ден од Копаоник бизнис форумот

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

На првиот ден од Копоаник бизнис форумот кој започна вчера, една од главните панел дискусии беше на тема "Регионалната соработка и унапредување на конкурентноста‘‘. На панелот беше истакнато дека регионалната соработка е важна за напредокот на сите земји од западен Балкан поради тоа што имаат заеднички проблеми и воедно поради тоа што само како регион може да бидат конкурентни во привлекување на инвестиции.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески укажа дека е неопходна регионална соработка на економиите, додавајќи дека сеуште постојат многу сектори каде што таа не е започната. Во тој контекст, тој потсети дека не постои доволна поврзаност меѓу земјите, наведувајќи како пример дека нема директни авионски линии помеѓу Скопје и Љубљана, како и Скопје и Тирана или Приштина. „Зборуваме дека регионот ни е како буре барут. Некои велат дека не сме буре барут, туку дека има многу пиромани околу нас. Веќе три децении таа теза го преоптоварува Балканот, а комапниите кои дошле да инвестираат кај нас остваруваат пет пати повеќе профит отколку во сопствените земји", рече Азески.

Kopaonik Biznis Forum

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, рече дека продолжувањето со структурните реформи, борбата против корупцијатаи другите предизвици кои претстојат, не се проблеми само на Србија и нема секоја земја да ги решава само на национално ниво, туку неопходно е тоа да се направи во соработка со регионот. Чадеж истакна дека стопанските комори, во рамките на Берлинскиот процес, покренале иницијатива и го основале Инвестицискиот форум на Коморите,во кој се вклучени сите стопански комори од регионот па дури и членките на ЕУ, Хрватска и Словенија. „Имаме заеднички непријатели, тие се лошата конкурентност на нашите компании, високата стапка на невработеност и сеуште недоизградениот деловен амбиент кој би овозможил стопанствотоповеќе да се развива", објасни Чадеж. Тој посебно укажа на заедничкиот проблем со високата стапка на невработеност, која во просек изнесува 22% во регионот, а посебно меѓу младите, чие учество во невработениte е дури 42%.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, истакна дека е тешко да се прецени важноста на регионалната соработка. Тој пренесе дека неодамнешниот собир на ЕБРД во Лондон покажа дека европскиот бизнис е сѐ помалку заинтересиран за поединечен пристап кон нашите економии а се повеќе заинтересиран за регионот со целокупниот потенцијал кој го нуди. Тој потсети дека постојат повеќе од три милјарди евра меѓусебни инвестиции во рамките на регионот, што е показател дека бизнисот е неколку чекори понапред од нивото на соработка на владите во регионот.

Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ истакна дека не го чуди фактот што бизнис заедницата е поголем оптимист од граѓаните во регионот во однос на прашањето за напредокот , затоа што стопанствениците знаат низ што поминуваа во последните две децении и пред сѐ дека не постои никаква соработка меѓу земјите. Бизнисот според него бил задушенод секоја насока. Мијушковиќ укажа дека е охрабрен со повикот од Премиерот на Србија Александар Вучиќ економијата да и помогне на владата, додавајќи дека коморите со децении ги повикувале на соработка владите а дека тоа сега го прави политиката.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје