29 Април, 2024
0.0270

Редефинирање на играта: Самсунг ги претстави првите QLED екрани за играње со висока резолуција

CHG90 - Најголемиот ултра-широк 49 инчен екран во светот обезбедува најимпресивна визуелизација и совршена игра

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс(Samsung Electronics Co., Ltd.)ја претстави иднина на гејмингот со откривање на новите CHG90 и CHG70 заоблени екрани, кои се карактеризираат со моќен високо динамичен опсег (HDR) на слика со унапредена технологија којашто вообичаено ја имаат телевизорите. Во комбинација со ултра-широкиот дизајн на CHG90 и квантната композиција од точки на CHG70, оваа HDR интеграција произведува реалистична, детална слика којашто ги прикажува игрите токму како што програмерите планирале и драматично ја подобруваат играта со посвежи бои и поостри контрасти.


“Гејмерите сакаат да бидат целосно внесени во нивните омилени игри, а нашите нови монитори овозможуваат најимпресивна визуализација и реалистична содржина со цел доловување на врвно играчко искуство. Овие QLED монитори наменети за играчите на видео игрите се портал кон иднината на играчкото доживување на сите играчи – без разлика на тоа дали се ентузијасти или пак имаат натпреварувачки карактер. Ние сме фокусирани кон развојот на овие технологии кои ќе го променат досегашниот начин на игра со цел задоволување на потребите на играчите, развивачите на игрите и нивните партнери во годините што следат.”, изјавиСеонг-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Подпретседател, Претприемнички Бизнис, Самсунг Електроникс.

Многу поживописна и детална гејминг животна средина

QLED квантната технологија со точки обезбедува ново метално јадро и подржува околу 125 проценти од sRGB спектарот на бои и 95 процентиод Digital Cinema Initiatives (DCI-P3) стандардот на движење на слика за да обезбеди исклучително широк опсег на бои.

Samsung’s CHG90 на Самсунгги поставува новите визуелни стандарди за гејминг дисплеите со проектирање на 32:9 сооднос на слика и 3,840x1,080 двојна, целосно HD (DFHD) резолуција на 49-инчниот екран. CHG90 буквално се шири во полето на играње за гејмерите, со својот широк дизајн ги надминува стандардите во индустријата додека истовремено ги претставува најшироките монитори во гејмин портфолиото на Компанијата. Мониторот обезбедува неверојатно 1,800R заоблување и ултра-широк агол при гледање од 178 степени, одржувајќи ја видливоста на содржината на било која локација во дадениот простор. Како резултат на ова, гејмерите не мора повеќе да се грижат за логистиката, трошоците имешањето на рамките кои се јавуваат кога се комбинираат неколку помали монитори заедно за поширока слика.

Идеални се за first-personпукачки, тркачки и летечки симулациии тешко акциони игри, CHG90 aligns an accelerated refresh rate (144Hz) и 1ms motion picture response time (MPRT) со напредна, четворо-канална скенирачка технологија за да се спречи замаглување при движењето и произведува поконзистентна слика низ целиот екран.

Играчко искуство на повисоко ниво

Достапен во 27 и 31.5 инчи, CHG70 ги интегрира HDR и квантаната технологија со точки со 144Hz стапка на освежување што дополнително помагаво изнесување на најдобрата гејминг содржина.Оваа комбинација им нуди на гејмерите гледачка арена која е посветла (600nit врвна светлина), почиста (2,560x1,440 WQHD резолуција)  иполуминисцентна, и ги доведува најблагите визуелни нијанси во преден план со екстремно светла или темна средина.

Двата модели CHG90 иCHG70 пристигнуваат на пазарот како први Самсунг гејминг монитори во функција на AMD новата технологија Radeon FreeSync 2. Оваа функционалност  ги елиминира сецкањето и пречките кои често ја нарушуваат игратапреку безпрекорни транзиции на фрејмовите. Исто така, Radeon FreeSync 2  подржува широка палета на бои за прикажување на HDR содржината со двапати позабележлива светлина и боја од онаа кои ја нуди sRGB стандардот. Како резултат на ова, корисниците можат да уживаат во нежни, ниско-латентни “plug-and-play“ HDR играчки доживувања без притоа да мораат често да ги прилагодуваат софтверските опции или опциите на мониторот.

“Ние сме неверојатно горди од тоа колку напредна Radeon FreeSync™ технологијата во последните две години, со преку повеќе од 150 дисплеи испорачани на пазарот. Им аплаудираме на Самсунг Електроникс за лансирање на првиот FreeSync 2 – оспособен дисплеј  и веруваме дека овие прекрасни монитори би биле на “must-have” листата на секој гејмер-ентузијаст.” – изјави Скот Херкелман (Scott Herkelman), Корпоративен Потпретседател и Генерален Менаџер,Сектор за Видео Игри,Радеон Технолоџис Груп (Radeon Technologies Group, AMD).

Ширење на стратешко партнерство

Со подготвување за претставувањето на пазарот на последните модели на Самсунг гејминг мониторите, Компанијата продолжува да ја шири нивната употребливост и се подготвува за поширока гејминг индустрија за HDR содржините. Во стратешкото партнерство со EA studio DICE и Ghost Games, моделите CHG90 и CHG70 биле подложни на ригорозни подесувања за да се обезбеди оптималниот HDR квалитет на слика.

“Воодушевени сме што соработуваме со тимот задолжен за Самсунг мониторите со цел оптимизација на CHG90 и CHG70 мониторите за нашите игри, која е од витално значење за нашата нова игра е “Star Wars Battlefront II” која ќе биде објавена кон крајот на годината и ќе може да се отсликува на овие HDR монитори, како што планираа нашите програмери.” – изјави Оскар Габриелсон(Oskar Gabrielson), Генерален Менаџер на DICE.

“Ние во Ghost Games секогаш сме во потрага по најновата технологија која помага при приказот на“Need for Speed™“ видео игратана најдобар можен начин и константно се стремиме кон поместување на границите. Технологиите како HDR ни овозможуваат да доставиме сè поголемо емоционално и извонредно доживување за нашите играчи. HDR мониторите на Самсунг овозможуваат Need for Speed™ Payback да биде токму тоа.” – изјави Маркус Нилсон(Marcus Nilsson), Извршен Продуцент во Ghost Games.

Покрај тоа, двата монитори неодамна добија потврда за компатибилноста на HDR со графичката картичка на Nvidia, обезбедувајќи им јасно прикажување на поширок опсег на HDR-базираните видео игри и персоналните компјутери.

Дури и пред нивното лансирање, моделите CHG90 и CHG70 во индустријата веќе се препознаени како лидери во катогоријата на монитори. Изминатиов месец Друштвото на Индустриски Дизајнери на Америка (Industrial Designers Society of America) ги призна двата монитори како дел од годишнитеИДЕА Награди (IDEAAwards), кои им оддадоа признание за дизајн и иновации на технологиите кои придонесуваат во развој на економијата и севкупниот квалитет на животот.Во рамки на овие награди, моделот CHG90 доби Бронзена награда во категоријата на Потрошувачка Технологија, а CHG70 се здоби со номинација – Финалист во истата категорија.

Спецификации на Самсунг Мониторите (2017)

За компанијата Samsung Electronics Co. LtdSamsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и се ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom

За AMD

Повеќе од 45 години компанијата “AMDе посветена на иновативноста кај компјутерите со високи-перформански, графика и визуелните технологии – создавајќи основи за игри, извондредни платворми и датацентри. Стотици милиони потрошувачи, помеќу кои и водечките “Fortune 500“ компании и врвни научно истражувачки објекти низ светот се потпираат на AMD технологијата секојдневно со цел подобрување на начинот на кој тие работат, живеат и играат. Вработените во “AMD“ низ светот се фокусирани кон создавање одлични производи кои ќе ги поместат границите на возможното. За повеќе информации тоа како AMD ја овозможува денешницата а ја инспирира ифнината, посетете ја нивната официјална AMD (NASDAQ: AMD) страна, блог, Фејсбук и Твитер страна.

За EA DICE

Електроник Артс (Electronic Arts;NASDAQ: EA) е глобален лидер во дигиталната интерактивна средина. Компанијата произведува игри, содржини и онлајн услуги за конзоли поврзани со Интернет, персонални компјутери, мобилни телеони и таблети. ЕА имаат повеќе од 300 милиони регистрирани играчи низ целиот свет.

Во фискалната 2017 година, EA извести за GAAP нето приход од 4.8 билиони долари. Со седиште во Редвуд Сити, Калифорнија, ЕА е позната по своето портфолио на критички потврдените, високо-квалитетни блокбастер брендови како “The Sims™, Madden NFL, EA SPORTS™ FIFA, Battlefield™, Need for Speed™, Dragon Age™иPlants vs. Zombies™. Повеќе информации за EA можете да дознаете на www.ea.com/news.

EA SPORTS, Origin, Need for Speed, The Sims, Dragon Age, Plants vs. Zombies, Battlefield“ се трговски марки на Електроник Артс Инк. (Electronic Arts Inc.) и нејзините подружници. John Madden, NFL, UFCиFIFAсе сопственост на нивните сопственици, соодветно, и се користени со дозвола.

Можеби ќе ве интересира

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА