10 Мај, 2024
0.0268

Reckitt Benckiser ќе ја купи Mead Johnson за 16,6 милијарди долари

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Британската компанија за производи за широка потрошувачка, Reckitt Benckiser Group постигна договор за купување на Mead Johnson Nutrition за 16.6 милијарди долари. Во соопштението објавено денеска, Reckitt Benckiser соопшти дека ќе плати по 90 долари по акција за американската компанија за бебешка храна.

Ова е истата цена, која компанијата ја прикажува на почетокот на месецот, кога објави дека води напредни преговори со раководството на Mead Johnson, забележува Bloomberg. 

Договорот ќе овозможи на британската компанија за првпат да влезе на пазарот на храна за бебиња.

Соопштението беше дополнето со финансиските извештаи на Reckitt Benckiser за четвртиот квартал, кој покажа дека растот во однос на продажбата на компанијата се забавува, поради тешките услови во Европа и новите пазари, како Бразил.

Во посочениот период продажбата од постоечките објекти на компанијата се зголемила за 1%, што е под очекувањата на аналитичарите за раст од 1,7%. Во прилог, Reckitt Benckiser прогнозира раст од 3% за оваа година, при очекувања за 4.2-процентно зголемување, забележува Bloomberg.

„Очекуваме макроекономските услови да останат тешки во 2017 година и одреден број постоечки предизвици да се задржат во првата половина на годината"- рече извршниот директор на компанијата, Ракеш  Капур во соопштението.

Во оваа ситуација стекнувањето на Mead Johnson може да се покаже како стекнување на потребниот катализатор за подобрување на растот во продажбата. Зделката ќе додаде нови производи кон портфолиото на Reckitt Benckiser, вклучувајќи ја и популарната бебешка формула Enfamil.

Со своите 10% удел на пазарот Mead Johnson го зазема третото место на светскиот пазар за бебешка храна - по Nestle и Danone. Компанијата сепак отстапува само на Nestle во регионот на Азија, кој претставува најголем дел од пазарот.

Reckitt Benckiser очекува да заштеди трошоци во износ од 250 милиони долари до три години по финализирањето на зделката. Покрај тоа, компанијата смета дека договорот ќе има позитивен ефект врз профитот за акции. 

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?