13 Мај, 2024
0.0217

Рецепт како да се победи Баерн Минхен

Објавено во: Спорт 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Точниот рецепт за победа против Баерн досега не е откриен, но потребните елементи за поставување на баварците под притисок во оваа сезона, веќе се познати.

Еве ги петте главни ...

1. Блокирање на центарот

За таа цел е потребно компактно редење пред дефанзивната линија по примерот на Атлетико Мадрид. Оттаму натаму од Баерн можат да реагираат само по крилните позиции, кои се лесни за бранење.

2. Непогрешлив пресинг

Кој стои мирен против Баерн, секогаш губи. Далеку подобра стратегија е баварските халфови и најмногу плејмејкерот Тиаго да бидат постојано под пресинг. Тогаш тие се повлекуваат назад, а растојанието од нападот расте.

3. Одбрана против Левандовски

Ако централниот напаѓач на Баерн ја добие топката на линија на офсајд, често е премногу доцна за реакција. Затоа самите пасови кон Левандовски треба да бидат пресечени. Или со пресинг против подавачите во редовите на баварците, или со итра зонска покриеност.

4. Контри по крилата

За победа против Баерн не е доволно да се игра добро само во одбрана, треба да се планираат и контранапади. Најдобро на висока брзина по крилните позиции, бидејќи бековите на баварците често ги ослободуваат зоните за да се вклучуваат во напад.

5. „Провоцирање“ на Алонсо

Кога топката е кај противникот на Баерн, таа треба да се носи право напред, за да биде доведен под напон потпорниот халф на баварците (најчесто Чаби Алонсо). Во такви случаи од Баерн не ги затвораат зоните пред голот на најдобар можен начин. Важно е сепак нападите да тргнат по крилните позиции, а потоа топката да влегува навнатре во теренот.