03 Мај, 2024
0.0404

Реакција од страна на банките доверители на „Фени Индустри“

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со обраќањето на Дмитри Черкаски наводниот претставник на Кунико груп, банките доверители известуваат дека немаат намера преку средствата за информирање да полемизираат со некој Дмитри Черкаски, за сите негови невистини и небулози изнесени во соопштението. Инаку, банките не знаат во кое својство се појавува ова лице, ако се земе предвид дека на социјалната мрежа Линкедин се појавува како лице кое бара работа (во прилог е профилот на лицето Дмитри Черкаски, во кој се гледа дека е ЦФО на некоја интернационална група, а кој бара нови можности за вработување, но никаде не се споменува дека има некаква функција во „Кунико“)

Од сето изнесено очигледно е дека ни тие самите не се сигурни кој е сопственик на„ Фени Индустри“, затоа што зависно од расположението еднаш го претставуваат „Кунико“ како сопственик, а потоа со наводно склучен наводен договор како сопственикго претставуваат „Енекод“.

Ниту „Фени индустри“ ниту „Кунико“ немаат валиден договор за репрограмирање на обврските кон банките. Предуслов за тоа беше минималното намалување на дел од долгот кон банките кредитори. Но претставниците на „Кунико“ се изјаснија дека немаат намера понатаму да го финансираат „Фени“, туку ќе го продадат за 1 долар на тој што ќе ги намири обврските кон банките и другите доверители.

Кунико ќе може да биде релевантен соговорник во разговор со банките доверители само откако ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките, а кои им се добро познати. Притоа, не треба да ги лажат вработените дека не е возможно да им се исплати плата од страна на „Кунико“ заради блокада на сметката од страна на банките доверители. Исплатата е законски можна затоа што „Кунико“ тоа еднаш веќе  го стори на 20.09.2017 година, кога им ја исплати августовската плата на вработените. На истиот начин нека го направат тоа и сега и нека ги исплатат заостанатите плати на вработените на „Фени Индустри“, а не да кажуваат невистини. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор