03 Мај, 2024
0.1094

Реакција на РКЕ за објавен текст на Фактор

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Од Регулаторната комисија за енергетика испратија допис со редакцијата на нашиот портал во кој што реагираат на текстот “Како РКЕ му призна на БЕГ цена на гас поскапа од пазарната, а скопјани како “попчиња” си платија за тоа

Реакцијата ја пренесуваме целосно:

Без да навлегуваме во мотивите, констатираме дека Фактор Портал ДОО Скопје продолжува со објавување на серијата тенденциозни и манипулативни текстови за работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) во доменот на топлинската енергија, при што не го почитува основното новинарско правило да се побара одговор за конкретната тема од другата страна.

Со оглед на тоа што со текстот “Како РКЕ му призна на БЕГ цена на гас поскапа од пазарната, а скопјани како “попчиња” си платија за тоа?” се врши класична манипулација со фактите и се руши угледот на РКЕ, како што доставивме одговори на претходните написи и на наше барање се оствари средба со новинар на Фактор Портал ДОО Скопје со цел да се дадат целосни одговори за проблематиката, така и за овој напис РКЕ го доставува следниот одговор:

 Регулираниот производител на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје на 10.07.2014 година отпочнал постапка за јавна набавка на природен гас, при што заклучно со 20.08.2014, денот на отворање на јавните понуди, ниту еден од постојните активни трговци и снабдувачи на природен гас во Република Македонија не доставиле понуда за снабдување со природен гас. На јавниот повик единствено се јавил еден странски добавувач на природен гас со кого Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје на 19.09.2014 година склучила договор за набавка до 126.000.000 нм3 природен гас за периодот од 1.10.2014 година до 30.04.2016 година.

На 1.01.2015 година стапуваат во сила одредбите од Правилата за пазар на природен гас, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кои пазарот на природен гас во Република Македонија целосно се либерализира, односно повеќе не постојат тарифни потрошувачи кои се снабдувани по цени определени од Регулаторната комисија за енергетика, како што беше пракса дотогаш.

Со оглед на промената на целокупниот амбиент, РКЕ на 27.02.2015 година донесува измена на Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги, при што дотогашниот критериум дека РКЕ не признава повисока вредност на цената на горивото (за регулираниот производител на топлинска енергија) од вредноста која во време на набавката на горивото била одобрена од страна на РКЕ, го заменува со следните нови критериуми (член 14, ставови 2 и 3):

РКЕ признава цена на гориво која е помала или еднаква на најниската месечна увозна цена на слободен пазар на трговците или снабдувачите со природен гас/мазут во Република Македонија, при што најниската месечна увозна цена ја објавува РКЕ на својата веб страна, врз основа на податоци од страна на учесниците на пазарот на природниот гас во Република Македонија и други надлежни институции.

Регулираниот производител на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, со допис од 28.09.2015 година, ја известува РКЕ дека со цел да се усогласи со новите критериуми за најниска цена воспоставени со претходно наведените измени, спровел отворена постапка за набавка на природен гас согласно одредбите од Законот за јавни набавки, во која како критериуми биле вклучени и одредбите од член 14, ставови 2 и 3 од Правилникот за изменување на правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги од 27.02.2015 година.

Во првата фаза од отворената постапка спровел анализа на пазарот во која биле вклучени 8 правни субјекти со важечки лиценци за трговија со природен гас во Република Македонија, како и 10 правни лица кои се занимаваат со трговија со природен гас во регионот. Со добивањето на согласноста од Советот за јавни набавки при Бирото за јавни набавки за користење на техничките спецификации и критериумите за способност на економските оператори, на 11.08.2015 година се објавил Оглас за отворената постапка, кој согласно Законот за јавни набавки траел 40 дена, но притоа на денот на отворањето на понудите, 21.09.2015 година, ниту еден правен субјект не доставил понуда. Една од причините поради која правните субјекти не биле во можност да достават понуда била неможноста да ги исполнат задолжителните елементи од договорот за јавната набавка кои произлегувале од одредбите од член 14, ставови 2 и 3 од Правилникот за изменување на правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги од 27.02.2015 година.

Оттука, за да не се доведе во прашање исполнувањето на обврските од лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија за греење на потрошувачите во Град Скопје, Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје укажува дека има важечки договор со снабдувач со природен гас склучен на 19.09.2014 година, кој е со важност до 30.04.2016 година, при што врз основа на тој договор ќе набавува погонско гориво – природен гас за претстојната грејна сезона 2015/16 година. 

РКЕ во периодот што следеше отпочна со дополнителни анализи и согледување на состојбите на слободниот пазар на природен гас во Република Македонија, кој со оглед на нискиот степен на диверзификација на изворите за снабдување има значајни ограничувања во доменот на конкуренцијата. Имајќи ја во предвид реалната состојба и практичната неприменливост на одредбите од член 14, ставови 2 и 3 донесени со Правилникот за изменување на правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги од 27.02.2015 година, на 10.06.2016 година донесе нов Правилник за изменување на правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги, со кој, меѓу другите измени се менува и член 14, став 2, при што се определува дека:

“(2) Во признавањето на трошоците за гориво Регулаторната комисија за енергетика ќе ги земе во предвид цените за набавка на гориво од тендерската постапка, која што регулираниот производител на топлинска енергија е должен да ја спроведе, и просечната продажна месечна цена на природниот гас на трговците со природен гас на слободниот пазар во Република Македонија. “

Со оваа измена практично се надмина состојба на неприменливост на одредбите од член 14, донесени со измените на Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги од 27.02.2015 година.

Притоа се потенцира дека во услови на либерализиран пазар на природен гас, обврска на регулираниот производител е да спроведе отворена постапка за јавна набавка на природен гас согласно постојната важечка регулатива за јавни набавки во Република Македонија, а право на учество имаат сите заинтересирани правни субјекти кои имаат лиценци за вршење на трговија/снабдување со природен гас.

За жал, ниту еден од постојните трговци или снабдувачи од Република Македонија, со чии што цени се прават споредби за наведениот период, не се пријавил на отворените повици за набавка на природен гас во 2014 и 2015 година, спроведени од регулираниот производител на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Во однос на признавањето на трошоците за курсни разлики, РКЕ постапува согласно Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги и соодветната Методологија.

Со оглед на сето претходно наведено, РКЕ во целост ги отфрла тенденциозните и манипулативни тврдења дека со своите одлуки ги оштетила потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје.

Согласно важечката регулатива за медиумите, бараме оваа реакција во целост да биде објавена од страна на Фактор Портал ДОО Скопје.

   РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен