РЕАКЦИИ ЗА ДОМАШНИОТ ПРИТВОР НА ЈАНЕВА: Нема јакна што ќе може да го покрие срамот
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019 15:25
Oткако поранешната обвинителка од СЈО, Катица Јанева од Шутка беше однесена во домашен притвор во станот на нејзинот син, на Фејсбук со коментар се јави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој прашува дали предметот ќе заврши со неколкумината обвинети и што се случи со парите од куферот. Од партијата велат дека власта стравува од она што би го кажала Јанева, па затоа, веруваат дека одлуката на судот е испланирано сценарио.
„Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и срамно и смешно. Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство. Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Се јави и Алијанса за Албанците со реакција и критики до власта. Од партијата на Зијадин Села велат дека власта има влијание во судството кое резултира со избегнување на кривична одговорност, а со тоа уште повеќе се намалува довербата во системот на државата.
Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју за МТВ изјави дека не ја знае основата за одлуката на судот за пуштањето во домашен притвор на екс јавната обвинителка, Катица Јанева.
Таа на 21 август беше уапсена за случајот „Рекет“. Синоќа со капа на главата Јанева се криеше од новинарите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец





