08 Мај, 2024
0.0239

Реакции во Грција затоа што Бутарис ја нарече нашата земја Македонија

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми денеска реагираат на фактот дека градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, при посетата на Скопје повторно го употреби името „Македонија“, означувајќи ја соседната земја. 

Медиумите наведуваат дека зборувајќи на англиски јазик пред новинарите Бутарис по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и Македонија да се одржи во Солун. 

Тие потсетуваат дека Бутарис и за време на минатогодишната посета го употребил името Македонија во интервју за телевизиска станица.

Бутарис вчера престојуваше во Скопје во рамки на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и при тоа оствари средби со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Грчките медиуми пишуваат и за средбата на посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември во Брисел. 

Инаку Бутарис има влашки корени и потекло од Крушево. 

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово