29 Март, 2024
0.0269

РЕ-МЕДИКА ќе стане „газда“ на црквата Св. Константин и Елена: „Бетон“ и го префрла долгот од 4,4 милиони евра

Објавено во: Економија 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Градежната компанија „Бетон“ ќе го исчисти долгот кој кон компанијата го имаат Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската православна црква (МПЦ ОА) и ќе го префрли кон Приватната здравствена установа Ре-медика. Оваа одлука треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. Овој долг, како што знае јавноста е за изградбата на црквата Свети Цар Константин и Елена која „Бетон“ ја градеше во центарот на град Скопје.

„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница  РЕ – МЕДИКА  Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар КОнстантин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година, стои во предлог одлуката.

Фактор дознава дека отстапувањето на побарувањето на ПЗУ РЕ – МЕДИКА  Скопје треба да се изврши без дисконт на вредноста, односно со исплата на вкупниот  износ што Фондацијата и МПЦ му го должат на „Бетон“.

Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати 1,1 милион евра од фондацијата. 

Во декември 2014 година тогашната Влада предводена од екс премиерот Никола Груевски објави дека политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА,  учествувале на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почнало во 2012 година

 Апел за донации со кои требаше да се  комплетира храмот на конференцијата упатија Груевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

- Да ја продолжиме убавата градителска традиција во Македонија. Да го продолжиме она што го правеле нашите предци и да го дозавршиме она што го почнавме во 2012 година, истакна во обраќањето Груевски.

Поглаварот на МПЦ-ОА  нагласи дека споменот по урнатите храмови и мислите и желбата за нивна обнова никогаш не се престанати. 

- Самиот, пак, храм од аспект на архитектурата со предвиденото внатрешно и надворешно уредување ќе биде храм за ремек-дело во современото сакрално градежништво во која до детали е запазена православната традиција и веруваме дека ќе биде храм гордост на Скопје и на цела Македонија, ќе биде споменик на верата кој ќе сведочи дека овде отсекогаш и се сакало и се знаело како да се гради за Бога и за неговите свети, рече г.г. Стефан.

Инаку, црквата Св. Константин и Елена беше повод и за протести во главниот град.

За престојното акционерско собрание на „Бетон“ предвидено е да се донесат одлуки за продажба на недоградениот хотел во центарот на Скопје и за продажба на други два хотели, едниот во Дојран, другиот во Охрид.

Постапките за чистење на компанијата некои познавачи ги толкуваат како обид компанијата да стане поконкурентна и покомпетитивна.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?