Разговорите на руските пранкери со Заев објавени и на РИА Новости
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019 13:50
Веста за трите разговори на руските пранкери Лексус и Вован со македонскиот премиер Зоран Заев се објавени дури и на РИА Новости, руската државна новинска агенција, како и на многу други руски медиуми.
Владимир Кузнецов и Алексеј Стојаров објавија снимка во која, наводно, зборувале со премиерот на Македонија (Северна Македонија) Зоран Заев, во име на поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, и во еден од трите разговори во име на Порошенко велат дека украинските научници "го откриле" неговиот "сродство" со Александар Македонски.
"Нашите научници веќе го воспоставија мојот однос со него, па сега можам да се наречам само Петар Македонски", се вели во еден од разговорите на пранкерите во име на Порошенко.
"Како што знаете, нашите украински научници направија многу историски откритија. Како што знаете, Украинците се древни Сумери ... Нашата територија дури и во еден период била под власт на Александрија", додаде Порошенко.
Како одговор, македонскиот премиер, наводно, рече дека "прочитал за тоа" и приказната "може да не обедини", пренесува РИА Новости.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




