14 Декември, 2025
0.0483

Растот на БДП забавува, ќе продолжи ли потрошувачката на домаќинствата со исто темпо?

Објавено во: Економија 05 Декември, 2022 09:15

Добивај вести на Viber

Домашната економија забавува. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека по солидниот втор квартал, во третиот квартал економскиот раст достигнал два проценти.

Бројките покажуваат дека растот на бруто – домашниот производ се должат на раст на секторите уметнос, забава и рекреација, но и други услужни дејнсоти, трговија на големо и мало, транспорт и складирање... Изнанадувачи солиден раст бележи и потрошувачката на домаќинствата.

За потсетување во првиот квартал од оваа година, растот на БДП беше благо над два проценти, или 2,2 отсто, додека во вториот квартал достигна 4 проценти.

Видно негативен раст има секторот кој порано важеше за двигател на македонската економија, градежништвото, каде во третиот квартал е забележан минус од 9,1 отсто. Пад има и во преработувачката индустрија кој изнесува 2,9 отсто, како и во рударството, каде тој достигнвуа 1,7 проценти.

Ваквите бројки дури и за економистите се мало изненадување.

-  Знаци на забавување на економската активност се забележуваат во податоците за третиот квартал, секако првенствено преку вкупната стапка од 2 проценти која е во линија со очекувањата, меѓутоа со вградени информации за влијанието на воената и енергетската криза. Структурно, во овој квартал, најголемо влијание од забавената економска активност забележувам кај индустријата, посебно преработувачката индустрија, иако одредени индустриски гранки, на пример во рударството, имаа намалено производство поради стопирана активност поради високата цена на струјата и енергентите воопшто, а не поради осетно слабеење на надворешната побарувачка – објаснува универизтетскиот професор Марјан Петрески.

Тој за „Фактор“ посочува дека гледано од расходната страна, растот на увозот и извозот е се` уште робустен, поради што претпоставува дека во следните квартали одредено влошување ќе видиме и таму.

-  Но, она што ме изненади е високиот раст на приватната потрошувачка, 5,4 проценти, имајќи предвид дека реалната плата во овој квартал влезе во негативна зона. Меѓутоа, дел од ефектот веројатно може да се објасни со зголемената минимална плата и со повисоките пензии, што е добро за животниот стандард на населението, но крие значаен ризик во инфлаторно окружување. Значи, имајќи ги предвид движењата рефлектирани во овие податоци, очекувам дека годината ќе се заврши околу 2,5 отсто, со тенденција тој раст понатамошно да забави во почетокот на 2023 година – појаснува професор Петрески.

Според проценките на Народна банка оваа година економијата треба да заврши со раст од 2,3 проценти, а слични се прогнозите и за следната година.

-  Изгледите за растот на домашната економија се коригирани надолу. Во услови на исклучително голема променливост на претпоставките и висока неизвесност, изготвени се две сценарија. Според основното сценарио, стапките на раст изнесуваат 2,3 и 2,6 проценти за 2022 и 2023 година, поддржани од домашните фактори поврзани со најавените инфраструктурни инвестиции и инвестициите за проширување на капацитетите кај дел од извозниот сектор. Доколку поддршкатае послаба од очекувањата, имајќи го предвид понеповолното надворешно окружување, во второто сценарио економските изгледи ќе изнесуваат 2 отсто и 1,8 проценти за оваа и за следната година. На среден рок, се предвидува зголемување на растот на БДП на 3,6 отсто во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година.Ризиците околу проектираната патека на растот се надолни и ќе зависат главно од надворешното окружување – посочи неодамна гувернерката Анита Ангеловска - Блажеска. 

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји