26 Април, 2024
0.0310

РАСТАТ ЛИ НАДЕЖИТЕ ЗА ДАТУМ: Пленковиќ не ги крие амбициите за мај

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во Унијата се меѓу главните приоритети на претседавањето на Хрватска со Унијата. Ова во обраќањето пред Европскиот парламент го изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој рече дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со земјава и со Албанија.

„Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување“, нагласи хрватскиот премиер.

Пленковиќ потсети дека Европскиот парламент по француското вето лани во октомври, усвои резолуција со која се поддржува отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија и во која се подвлекува важноста на проширувањето, како за земјите кандидати, така и за ЕУ. Со тоа, според Пленковиќ, Европарламентот ја потврди посветеноста кон кредибилната политика на проширување на ЕУ.

Хрватскиот премиер потенцира дека средбата на врвот од Загреб во мај ќе се одржи 20 години по првиот загрепски Самит, кој „ја отвори европската перспектива за Југоисточна Европа и за договорите за стабилизација и асоцијација“.

„Меѓу тие земји се наоѓаше и Хрватска, која единствено стана членка на ЕУ. Денес таа претседава со ЕУ и нашиот пример му дава уште посимболично значење на Самитот во Загреб. Затоа од Самитот во Загреб сакаме да им испратиме силен сигнал на нашите партнери од Југоисточна Европа кои се уште се во еден вид на европско претсобје и да им порачаме: Ако ги продолжите сите реформи и ги исполните сите критериуми за членство, Вашата европска перспектива не е ставена во прашање и вие сте добредојдени. Истовремено, ЕУ ќе Ви помогне да ги исполните вашите цели со учество во европските проекти, интегрирање на инфраструктурните мрежи со редовен политички  дијалог на највисоко ниво и со промовирање на европските вредности и принципи“, нагласи Пленковиќ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби