Распука патот кај Делчево, сообраќајот пренасочен

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023
На магистралата А3 на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани се појавија пукнатини по невремето во четвртокот навечер.Поради тоа, сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово - Смојмирово - Виница.
Причината е поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска Река близу Делчево. Претходно на проблематичното место е поставена сообраќајна сигнализација.
Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.
-Иако некаде до 20 часот можеше да се користи и алтернативниот патен правец преку селата Киселица и Полето, сепак поради нестабилниот терен решивме да воведеме целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на магистралата А3, Делчево - Македонска Каменица - Кочани. Сообраќајот во моментот се одвива преку алтернативниот патен правец Делчево - Берово - Смојмирово - Виница, истакна синоќа Влатко Цоневски од подружницата на „Македонија Пат“.
Можеби ќе ве интересира
Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

ПРЕГАЗЕН МАЛОЛЕТНИК ВЕЛОСИПЕДИСТ - Итно бил пренесен на скопските клиники „Мајка Тереза“

ДРИСЛА ТРЕБА ДА ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА МАРКОВА РЕКА - Еве што утврди Инспекторатот
„ЦЕЦА И АЦА ЛУКАС ЌЕ ИМААТ ПОСЕБНА ПРОГРАМА ВО ТЕКОТ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СКОПЈЕ КАКО ГРАД НА КУЛТУРАТА“: Најчевска за титулата

„АХМЕТИ ГО ЗАКОПА ГРУБИ“: А груби лажел дека ВМРО ги поддржувале измените на кривичен, Грчева за измените

МАРЈАН ЃОРЧЕВ ГО КРИТИКУВА ГРУЕВСКИ: Зошто сака да ја разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ во време кога тоа е најкомпактно
МОЖНИ СЕ СУПЕРЌЕЛИСКИ ОБЛАЦИ: Попоски најавува голема промена на времето, еве од кога

ШИЛЕГОВ ГОРД НА ТИТУЛАТА НА СКОПЈЕ „ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА: Во коментари го прашуваат дали е негова заслугата
