17 Декември, 2025
0.0814

Раскинат договорот за Македонско село, државата заработи 112.000 евра

Објавено во: Економија 24 Август, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Службата за општи и заеднички работи на Владата до Бирото за јавни набавки испратила допис дека на 23 август 2022 конечно е раскинат договорот за јавно-приватно партнерство за стопанисување и управување со комплексот Македонско село на Водно кај селото Нерези.

Во објавата на системот за јавни набавки стои дека последната вредност на договорот со приватниот партнер „Квинс Хотел“, во јавноста познат како сопственост на Тинекс МТ, односно на бизнисменот Владимир Тодоровиќ, изнесува 6.840.016 денари, што значи дека државата од партнерството заработила само 112.000 евра. 

А инаку целокупната инвестиција за овој проект ја чинеше државата 5,2 милиони евра, додека, пак, 1,3 милион евра беа потрошени за внатрешното уредување и плус 30.900 евра за набавка на клупи, патокази и за три електромобили со кои се пренесуваа куферите на гостите во селото.

Договорот со „Квинс Хотел“ беше потпишан на 11 јануари 2016, а требаше да трае 240 месеци, односно 20 години. Месечната кирија која требаше да ја плаќа концесионерот изнесуваше 3.500 евра.

„Македонско село“ првпат беше отворено во 2016 година, а менаџментот на комплексот донесе одлука за негово затворање, поради како што рекоа од таму -  работење со загуби, и престанува да работи од 18.10.2018  Од Владата тогаш му забележаа на Тодоровиќ дека ниту писмено ниту усно ги известил за оваа еднострана одлука. Истата година директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, рече дека концесионерот тоа го направил без потребната најава од шест месеци однапред и дека ќе биде активирана банкарската гаранција.

Во моментов се уште не е познато што ќе се прави со објектот, а пред две години Владата извести дека местото би можело да послужи за проект стартап-село, каде што младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје