18 Декември, 2025
0.0910

Ранко „Бубамара“ го обвини градоначалникот на Карпош: Се расфрлаат големи пари, а детските игралишта личат на археолошко наоѓалиште

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2021 11:42

Добивај вести на Viber

Ранко Петровиќ, сопственикот на радио Бубамара, јавно го обвини градоначалникот на скопската општина Карпош за детските игралишта во општината, кои според него се крајно небезбедни.

Објавувајќи фотографии од игралиште од Трнодол, населбата каде што тој живее, Петровиќ на Фејсбук напиша:

-Безбедноста на детските игралишта во Општина Карпош и Скопје е на најниско ниво. Општина Карпош и Стефан потрошиле околу 500.000 евра за одржување на спортски и детски игралишта во изминативе 4 години, а игралиштата личат на археолошко наоѓалиште со сите рѓосани и промашени реквизити кои се поставувани во периодот од Стефче до Стефан. Жално е да се трошат и расфрлаат големи пари , а да се нема барем малку љубов и одговорност кон децата и нивната безбедност.

Ставаат нови реквизити, а старите исечени делови ги оставаат да рѓосуваат во песокот, не прикажуваат сметки колку е потрошено за кој реквизит, гаранција, одговорност ни увид за безбедност на игралиштата. Фотографиите се од населба Трнодол “, напиша сценаристот на познатата манифестација „Златна Бубамара на популарноста“.

Според него, чудно е како приватните училишта и игротеки имаат поубави и побезбедни игралишта од оние , како што вели прескапо платени општински оази за детска игра. Петровиќ за „Фактор“ изјави дека општинарите се фалат оти дали огромни пари за одржување на игралиштата, но тој смета дека состојбата е ризична и тие не се безбедни за децата.

-Се фалат преку општинска страна дека огромни пари се даваат за одржуваање на детски игралишта (преку 520.000 евра за 3 години) , а ние како граѓани секаде гледаме дека состојбата на детските игралишта е катастрофална и ризична, а сега дознавме и дека одржувањето на годишно ниво било и поскапо од набавка на нови реквизити како за детски така и за спортски игралишта.

Замислете како би било кога во вашиот двор би поставувале детски реквизити или саделе трева, а би оставиле 30 рѓосани плочи, арматура и шрафови низ дворот и плус на тоа би му давале премногу пари на мајсторот само за фарбање и мали поправки. Оваа година ќе ја заокружат на 1 милион евра само за одддржување на игралишта , што се за жл неверојатно многу многу пари ...“, ни изјави Петровиќ.

По објавата на фотографиите на социјалните мрежи и изјавата од сопственикот на радио „Бубамара“, побаравме изјава од градоначалникот Богоев. Тој и неговиот тим не одговорија на нашата порака и на прашањата дали се безбедни новите игралишта во општина Карпош, и дали е во план отстранување на старите реквизити од игралиштата кои се објавени на фотографиите на Петровиќ?  

(М.Џ.)


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери