14 Декември, 2025
0.0472

РАМАДАНИ ЗА МАЗУТОТ: Видете ги дивите депонии и домаќинствата што горат гуми, Топланата Север е незначителна - Бектеши упатува на инспекторатот

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022 07:15

Добивај вести на Viber

Директорот на Топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, за Фактор потврди дека таа топлана користи комбинирано и гас и мазут, но нагласува дека мазутот првенствено се употребува за проверка на постројките, за во случај топланата да не може да обезбеди гас за своето работење. Според него, проверките мора да се направат, бидејќи топланата одамна го нема користено мазутот како енергенс.

 „Користиме гас и мазут. Мазутот првенствено за проверка на постројките на мазутниот дел, за во случај да нема гас, бидејќи одамна не е работено со мазут“, објаснува Рамадани во изјава за Фактор.

Тој е дециден дека Топланата Скопје Север веќе има ангажирано фирма која ќе ги врши мерењата на емисиите на штетни материи во воздухот, како што се бара со Б интегрираната еколошка дозвола која ја има добиено оваа топлана. Резултатите од мерењата се очекуваат до крајот на оваа недела.

 „Имаме фирма која ќе ги врши мерењата и некаде до крајот на неделата треба да имаме резултати, што зависи од тоа колку време ќе им треба да ги обработат“, објаснува Рамадани за Фактор.

Како што е познато, мазутот се смета за многу штетен енергенс, кој влијае на загадување врз животната средина. Од тие причини, според еколошката дозвола која ја има Топланата Скопје Север, доколку таа го користи мазутот за загревање, топланата е прецизно обврзана да ги мери емисиите во воздухот, и што е уште побитно, да не ги надмине границите на емисиите кои се наведени во дозволата во соодветниот временски период.

Еве всушност што е наведено.

„Операторот ќе врши мониторинг на параметрите наведени во табелите 6.1.5 (А) и 6.1.5 (Б) на точките на емисија и најмалку со фреквенции наведени во тие табели во зависност од енергенсот кој го користи во соодветниот временски период. 6.1.4 – доколку операторот ги стартува и ги стави во функција котлите на енергенс мазут, без одлагање треба да го извести надлежниот орган, да изврши мерења на емисиите при стартување и да ги достави извештаите од мерењата до надлежниот орган“, се вели во дозволата.

Фактор упати прашање до првиот човек на Топланата Скопје север и како граѓаните да се заштитат од загадувањето што го предизвикува мазутот како енергенс. Според Рамадани, загадувањето што би го предизвикла топланата Скопје Север е далеку помало и незначително во однос на загадувањето што го предизвикуваат дивите депонии и неселектираниот отпад.

„Граѓаните ќе ги заштитиме од загадување првенствено ако ги затвориме дивите депонии и доколку го третираме отпадот како што треба. Топланата Скопје Север е незабележителна во однос на тие загадувачи“, потенцира Рамадани во изјава за Фактор.

Во прилог на своето тврдење директорот Рамадани прашува и „кој ги гледа дивите депонии во државава, но и гумите што се горат по домаќинствата, кои многу подраматично влијаат врз аерозагадувањето.

„Ајде кога ќе работиме на гас да направиме мерења на загадувањето на воздухот, и баш да видиме колкава разлика прави топланата Скопје Север“, потенцира Рамадани во изјавата за Фактор, додавајќи дека во државава има диви депонии кои горат по 24 часа, гуми, дрва, а има и многу поголеми загадувачи на воздухот.

Фактор се интересираше и во Државниот инспекторат за труд, за тоа кога и како е издадена дозволата на топланата Скопје Север и како ќе се мери загаденоста на воздухот, но и дали ќе се преземаат мерки доколку се надминат дозволенте граници на емисии во воздухот.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека Топланата Север има Б ИСКЗ (интегрирано спречување и контрола на загадување) Дозвола, и дека таму надзор врши Секторот Инспекторат на Град Скопје.

Се обративме и до посочениот контакт од Инспекторатот на Град Скопје, од каде исто така ни потврдија дека Топлана Север има добиено Б интегрирана еколошка дозвола, но дека повеќе детали околу нашето интересирање ќе добиеме во текот на денешниот ден. Штом Фактор добие одговори, нив ќе ги објавиме во целост.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека за Владата е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите, за што има надлежни институции.

„Скопје Север е во сопственост на Топлификација која е во приватна сопственост. Како Влада дадовме две понуди. Првата понуда е да се склучи договор за деловно технилчка сораотка, а втората е да се склучи договор за закуп на топланата како што направивме и за Скопје Исток и за Скопје Запад, во овој случај со Адаора која е исто така приватен субјект. Немаме повратен одговор од раководството на Скопје Север. Во делот на тоа што користат како енергенс за да произведуваат топлинска енергија, има надлежни институции согласно нивните лиценци кои треба да ги проверат дали се прекршуваат одредбите предвидени во лиценцата, во дозолата која ја имаат за производство на топлинска енергија. Во делот на мазутот секако тоа е Инспекторатот за животна средина“, рече Бектеши.

Инаку, до крајот на месецов, како што потсети министерот, се обезбедени потребните количини за топланите Исток и Запад да работат само на природен гас.

„Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, рече Бекшети, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што прецизираше, во случај да се префрлат на користење мазут или дизел ќе се следат сите процедури во делот на животната средина со Инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции.

На јавноста и останува само да се надева дека државата сепак ќе сфати дека е подобро топланата да го користи многу поеколошкиот енергенс - гасот, наместо да се ориентира кон далеку полошиот енергенс, мазутот, а доколку тој сепак мора да се употребува, дека ќе се направат сите потребни мерења кои ќе осигураат да нема значајни загадувања на животната средина. 

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји