Рама во Црна Гора се чувствувал како во Албанија
Објавено во: Балкан 03 Април, 2017
Албанскиот премиер, Еди Рама е во посета на Црна Гора каде се сретна со црногорскиот колега Душко Марковиќ и каде изјави дека во Црна Гора се чувствува како во Албанија.
Марковиќ изјави дека Албанија и Црна Гора ќе ја зголемат соработката во областа на енергетиката, транспорот и туризмот, а Владите на двете земји ќе одржат заедничка седница во октомври во албанскиот град Шкодра. Црногорскиот премиер вели дека албанската заедница во Црна Гора е лојална на државата во која живее.
Рама, кој во меѓународните кругови е оценет како лидер на сите Албанци, независно од тоа каде живеат, беше замолен да даде коментар на фактот што косовскиот Парламент го нема ратификувано договорот за демаркација на границата со Црна Гора, потпишан пред две години.
„Како трета земја можам да кажа, дека сум и благодарен на Црна Гора за придонесот за решавањето на ова прашање со надеж дека тоа ќе биде решено на соодветен начин“- рече Рама.
Рама изрази задоволство за тоа што Црна Гора ќе биде 29-та членка на НАТО.