Рама тврди дека Албанците по втор пат ја спасуваат Црна Гора
Објавено во: Балкан 12 Април, 2017
Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека влегувајќи во владејачката коалиција, Албанците од Црна Гора ја спасиле земјата, бидејќи на тој начин го поддржале прозападниот блок.
Според него, Албанците по втор пат ја спасуваат политичката иднина на Црна Гора.
„Првиот пат го направија со поддршка на референдумот, а сега со поддршката на коалицијата која се залага за вле на Црна Гора во НАТО и ЕУ“- изјави Рама за албанската телевизија „Теута“.
Тој неодамна ја посети Црна Гора при што изјави дека таму се чувствува како во Албанија.