19 Декември, 2025
0.1769

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено во: Економија 30 Март, 2025 09:50

Добивај вести на Viber

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот - „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.

- Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на  потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.

Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади - македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Северна Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии