03 Мај, 2024
0.0287

Рама под страв дека му се подготвува силно сценарио за дестабилизација

Објавено во: Балкан 06 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама се погласно говори дека се подготвува силно сценарио за дестабилизација на Албанија. Затоа побарал од кандидатот на неговата партија да се повлече од делумните избори во Каваја. Утре во овој град граѓаните требаше да избираат градоначалник, откако претходниот беше разрешен поради криминал.

- Некои луѓе 7 мај го гледаат како ден кога државата треба да покаже како се спроведува законот. Други, пак, се плашат од последиците од конфликт со кој се посакува да се предизвика дестаблизација на Албанија. Постои план за дестабилизација на земјава. И шаторот е поставен токму од тие причини, изјави Рама, директно обвинувјќи ја опозицијата за тоа.

Тој уште еднаш му „даде до знаење“ на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша дека, како што рече, му е на располагање за договор околу изборите до 8 мај, затоа што „ и без опозицијата избори ќе има на 18 јуни“.

Рама го повика и независниот кандидат, Астрит Хака, да се повлече од изборите, а овој доцна синоќа тоа и го направи. Ова најверојатно ќе значи и одложување на гласањето за градоначалнк на Каваја.

Инаку, опозицијата уште од поодамна за утре во Каваја најави масовен протест за блокирање на изборите, кои сега, по овие случувања, повеќе од сигурно е дека нема да се одржат.


Можеби ќе ве интересира

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија