25 Февруари, 2021
0.0191

Рама и натаму не кажува од каде му се вакцините

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2021

Албанија вчера започна со вакцинација против коронавирусот благодарение на донацијата на 975 дози, но албанскиот премиер Еди Рама и натаму не открива од каде  е донацијата, а се знае единствено дека е неименувана членка на Европската Унија.

Вакцината меѓу првите ја прими токму Рама и кажа дека му е забрането да открие кој е донаторот на првите вакцини доставени до Албанија.

Главната кампања за вакцинирање во земјата ќе следната недела. Тој сепак се пожали дека ЕУ го запоставила регионот околу прашањето за дистрибуирање на вакцините.

„Се покажа дека стратегијата и насоката кои ЕУ ги постави за инвестирање во програмата Ковакс се неодредени во времето. Ако го чекавме Ковакс, и понатаму ќе чекавме и никој не знае колку ќе трае тоа“, беше критичен Рама.

Првите 10.000 нарачани дози по транспарентен пат од Фајзер треба да стигнат следната недела во Албанија.

Според министерката за здравство на Албанија, Огерта Манастирлиу, првиот ден поминал во најдобар ред, со вакцинирање на 50 лекари и медицински сестри од Инфективната болница „Шефќет Ндроќи“.

- Денес продолжуваме во Центарот за имунизација на стадионот „Ер Албанија“, на епидемиолози, лекари и медицински сестри од првата линија на фронтот со невидливиот непријател, рече таа.

Сите лица кои биле вакцинирани, имаат пополнето образец со детални информации за нивниот здравствен статус.



Можеби ќе ве интересира

Осуден неонацист од Златна зора влегол во Македонија со лажно име

Осуден неонацист од Златна зора влегол во Македонија со лажно име

МОЖНО Е ЗAТВОРАЊЕ НА СКИ-ЦЕНТРИTE ЗА ВИКЕНД: Огромен број новозаразени, ќе ги зајакнува ли Србија мерките?

МОЖНО Е ЗAТВОРАЊЕ НА СКИ-ЦЕНТРИTE ЗА ВИКЕНД: Огромен број новозаразени, ќе ги зајакнува ли Србија мерките?

Во Србија вирусот збувнува: Кон сака да затвори се дури пет дена

Во Србија вирусот збувнува: Кон сака да затвори се дури пет дена

Седеле на иста маса: Сара и Марјан биле заедно во кафуле, тој извадил пиштол и ја убил

Седеле на иста маса: Сара и Марјан биле заедно во кафуле, тој извадил пиштол и ја убил

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЗЛАТАРНИЦА СО МЛАДА КОЛЕШКА - еве кое е нивното објаснување

Србија бележи над 3.000 заразени дневно, можно е заострување на мерките

Србија бележи над 3.000 заразени дневно, можно е заострување на мерките

И ЈАС СУМ САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК: Вучиќ во опуштено издание, изненади со фотографија на која не сме навикнати

И ЈАС СУМ САМО ОБИЧЕН ЧОВЕК: Вучиќ во опуштено издание, изненади со фотографија на која не сме навикнати

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

Србија денес има скоро 3.000 заболени од коронавирусот

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе