Рама го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово
Објавено во: Балкан 27 Август, 2022 21:06
Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово.
Велат дека тоа е добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.
Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес“, напиша Рама.
Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка.
„Србија и Косово го решија етничкиот спор околу движењето на граѓаните преку нивната граница“, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пренесува Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




