РАМА Е ГОРД НА АЛБАНИЈА: Отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ
Објавено во: Балкан 15 Април, 2025 16:34
Aлбанскиот премиер Еди Рама по отворањето на кластерот за внатрешниот пазар вели дека е горд на Албанија.
Западниот сосед вчера и официјално го отвори Кластерот за внатрешен пазар во преговорите за приклучување кон Европската Унија(ЕУ).
На четвртата меѓувладина седница помеѓу Албанија и ЕУ, беше отворен Кластерот 2, кој ги вклучува поглавјата 1 (слободно движење на производи), 2 (слободно движење на работници), 3 (право на основање бизнис и слобода на пружање услуги), 4 (слободно движење на капитал), 6 (право на трговски друштва), 7 (законодавство за трговски друштва) и 8 (заштита на интелектуална сопственост и здравјето на потрошувачите).
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека планот е да се отворат сите кластери до крајот на тековната година, а веќе наредната година да се започне со финализирање на поглавјата.
Рама очекува до 2027 година неговата земја да ги заврши преговорите со ЕУ.Албанија поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија се одржа во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




