17 Декември, 2025
0.0442

Рама да се извини, а ЕУ да ја заштити Македонија, бара ОМД

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2022 21:08

Добивај вести на Viber

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија – ја осудува таканаречената шега „иднина Западна Бугарија“ на албанскиот премиер Еди Рама и повикува на негово итно извинување до Македонија и македонскиот народ.

За време на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соравботка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), за време на претставувањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со Германецот Канцеларот Олаф Шолц, а пред грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Рама „на шега“ го нарече Ковачевски како лидер на „иднината Западна Бугарија“.

„Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави. Во време кога односите меѓу Македонија и Бугарија се на историски најниско ниво и Бугарија ирационално го блокира членството на Македонија во ЕУ поради историјата и идентитетот, „шегата“ на Рама е потполна невкусна и не е иронична или саркастична како што тој подоцна објави на Твитер, туку е бесчувствителна и крајно навредлива. Револтот кај македонското општество е потполно легитимен, а не хистерија како што изјави Рама. Неискусната реакција на Ковачевски смеејќи се на коментарот, без никаква реакција покажува дека нацијата е лесно манипулативна за да одговара на потребите на нејзините соседи. Сме сведоци на претходни нечувствително однесување од страна на Рама, се чини дека Рама намерно ја искажува неговата „шега“ и ја исмева својата македонска договорна страна. Во Албанија, претставниците на бугарското Министерство за надворешни работи имаат слобода да ги заплашат членовите на македонското малцинство и да извршат притисок да се декларираат како Бугари со враќање за државјанство на ЕУ преку Бугарија, без никаква осуда од Албанците и владините претставници. Рама наведува дека нема проблеми со мешање во внатрешните работи на другите, со оглед на сопствената иницијатива „Тиранска платформа“ од јануари 2017 година“, наведуваат од ОМД. 

Додаваат дека ставовите на бугарската политичка елита се дека Македонија не е ништо друго освен западна бугарска територија, дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари и дека македонскиот јазик е бугарски.

„Во 2009 година, тогашниот грчки министер за култура, кој подоцна стана премиер Андонис Самарас изјави „Времето е на наша страна“. „Верувам дека Скопје нема да опстане како независна држава и дека Грција нема од што да се плаши од создавањето на „Голема Албанија“ и „Голема Бугарија““, велат од ОМКД. 

Додаваат дека соседите на Македонија постојано го оспоруваат македонското право на само-определување. „Шегата“ на Рама ја повторува потребата од македонската политичка елита да созрее и стои зад националните ставови.

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал