17 Декември, 2025
0.0525

Ракометна легенда превзеде компанија што му продава јаглен на АД ЕСМ

Објавено во: Економија 23 Август, 2022 11:35

Добивај вести на Viber

Во период кога има „интензивни“ промени во фирмите кои го снабдуваат РЕК Битола со јаглен од странство, нов сопственик на една од нив стана ракометната легенда Ристо Чокрев.

Најголемата клупска легенда на РК Металург стана сопственик на Енергија Икс, компанија која на претходниот јавен повик за набавка на јаглен за потребите на АД ЕСМ, односно на РЕК Битола набави 50.000 тони јаглен од Албанија за договор вреден 3,25 милиони евра.

Ристо Чокрев, популарен во спортската јавност и како Чокре, станува сопственик на местото на Ана Христовска од Скопје, која пак досега беше косопственичка на оваа фирма со Аљибер Ибраими од Мала Речица. Ибраими е сопственик и на втората скопска компанија која набавува јаглен за РЕК Битола - Куантум Солушнс, заедно со Лазар Кимов. Куантум Солушнс набави 100.000 тони јаглен од Грција за 6,3 милиони евра. За ова подоцна АД ЕСМ реагираше дека нема ништо спорно ако еден ист човек е газда на две фирми кои добиле договор за јавна набавка.

Може слободно да се каже дека меѓу овие скопски компании и сопственици можеби најпознат во јавноста е Чокрев. Фирмите, според претходни медиумски натписи, се основани оваа година. АД ЕСМ дотогаш во своето производство на електрична енергија не се потпираше на увоз на јаглен од странство, туку пред енергетската криза генерално вршеше ископ со помош на приватни оператори и увезуваше електрична енергија.

Чокрев ни ја потврди информацијата, но не беше расположен да даде изјава за тоа дали Енергија Икс ќе учествува на тековниот повик за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј за 950.000 тони јаглен. Ни одговори дека тукушто станал управител и дека се нашол затекнат.

Чокрев повеќе од 40 години, од кои 20 како играч и нешто повеќе од 20 години во раководните структури, има минато во тимот на РК Металург. Кога тој беше претседател на клубот, Металург на два пати се пласираше во четвртина-финалето од елитното европско натпреварување Лигата на Шампионите. Во 2015 си замина од функцијата откако екипата се соочи со финансиски проблеми.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега