Радев: Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2023 20:22
Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев денеска со нови укажувања за нашата земја поврзани со најавите за забрана за влез во земајва, но без осуда на изјавата на Европратеникот Ангел Џамбаски.
- Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања - рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.
Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.
- РСМ не ги ни почна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори - посочи претседателот и додаде дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ.
Претходно Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




