Раде Шербеџија отвори канцеларија на „Левица“ во Скопје
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2022 12:10
Познатиот регионален и светски актер Раде Шербеџија вчера присуствуваше на отворањето на новата канцеларија на „Левица“ во Ѓорче Петров.
На отворањето Шербеџија беше придружуван од лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев, како и од останатите активисти на опозицијата.
Од „Левица“ појаснија дека станува збор за извесен Славко, активист кој многу потсетува на популарниот актер кој снима филмови и за Холивуд.

„Левица е партија која постои и се гради да служи како инструмент за менување на овој систем кој им служи на елитите за сметка и штета на обичните граѓани.
Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров, како дел од тој инструмент, е во постојан раст и веќе сериозен фактор и закана за децениското зло кое и се случува на Македонија, на општината Ѓорче Петров и нејзините граѓани. Оттука е и потребата и должноста да бидеме поблиску и подостапни за граѓаните, за нивните предлози и решавање на нивните проблеми“, објави „Левица“.

Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




