РАЦИИ ВО ВАЛОНА ПО НАПАДОТ СО КАЛАШНИКОВ НА ТОП ЧАНЕЛ И УБИСТВОТО НА КОЛА: Пронајдени се куршуми и во канцелариите
Објавено во: Балкан 27 Март, 2023 20:07
Полицијата на Валона официјално потврди за Albanian Post дека во крајбрежниот град имало проверки за откривање на сторителите кои го извршија нападот врз зградата на ТВ Топ чанел и при тоа загина 60-годишниот вработен во обезбедувањето Пал Кола. Попладнево, според извори на Репортерс, приведени две лица осомничени за поврзаност со вооружениот напад. За кои се вели дека се уапсени во Валона и дека по потекло се од Скадар. Акцијата за претрес се врши во соработка со полициски службеници од Тирана. Albanian Post наведува дека властите не споделија детали или други информации поврзани со овој развој на настаните. Според првите изјави, познато е дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола.
Вработените кои
биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани бидејќи
истражителите ги сметаат за сведоци.
Адвокатката Ардита Соколи за Albanian Post објаснува дека една од причините зошто можеби е одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле животите на многу луѓе“.
Според неа, ова обвинение е казниво со затвор најмалку дваесет години или доживотен затвор.
Како што наведува Albanian Post, пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.
При набљудување
на надворешното и внатрешното опкружување, полицијата запленила бројни чаури и
внатре во канцелариите.
Од прелиминарните податоци се наведува дека веднаш по атентатот сторителите ја напуштиле Тирана.
Од прегледите на безбедносните камери, истражниот тим се надева дека ќе ја открие маршрутата на возилото по кое патувале убијците пред да пукаат во Топ чанел.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




