05 Декември, 2025
0.0366

Работниците во индустриските зони на готовс по добрите вести од Германија

Објавено во: Економија 09 Април, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Работниците од фабриките во слободните економски зони низ Македонија за автомобилски делови добиле известување да бидат подготвени и во секој момент дека ќе треба да се вратат на работните места, по вестите дека наскоро делумно  ќе се рестартира производството на автомобили во Германија и во останатиот дел од Европа..

Одреден дел од работниците на „Кромберг и Шуберт“ би можеле да се најдат на своите работни места уште денеска. Во „Дракслмаер“ биле испраќани СМС-пораки до вработените да бидат подготвени овие денови, а исто така и во „Џонсон Мети“, дознава „Фактор“.

Во Македонија официјално „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период, а исто така и „Џонсон Мети“ поголем дел од работниците испрати на принуден одмор.

Производителот на Мерцедес-Бенз Дајмлер вчера соопшти дека планира да ја започне работата во фабриките во Германија од 20 април по неколкунеделен прекин.  БМВ објави во вторникот дека ќе продолжи со производствената линија од 30 април, додека европските фабрики на „Форд“ се во мирување најрано до 4 мај. Фолксваген во Волфсбург започнува повторно на 20 април. До тогаш на европско тло започнуваат со работа и Тојота, Рено, Хјундаи и Фијат Крајслер.

Продажбата на автомобили опадна во неколку европски земји во март како резултат на ограничувањата предизвикани од корона вирусот. Засега значителен раст на побарувачката на автомобили има само во Кина и Јужна Кореја.

Во „Кромберг и Шуберт“, „Дракслмаер“ и „Џонсон Мети“ во моментов има околу 11.000 вработени, а овие странски инвестиции на големо го билдаат македонскиот извоз секоја година.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката