09 Мај, 2024
0.0275

РАБОТЕН ВЕК: Исланѓаните работат 47,4 години од животот, а ние?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонците се меѓу последните во Европа по времетраење на работниот живот. Во нашата држава работниот век трае 31 година додека просекот во рамките на Европската Унија е 35,6 години, покажуваат податоците на Евростат, европската статистичка служба. Според статистиката, македонските мажи работат дури 13 години повеќе од жените, односно просечниот работен живот на мажите изнесува 37,2 години, а на жените само 24,4 години.

Статистичкиот показател „времетраење на работниот век“ го мери бројот на години што едно лице на возраст над 15 години може да очекува да биде активно на пазарот на трудот, било вработено или невработено, во текот на животот.

Според овој показател, во европски рамки, статистиката разликува три главни групи на земји, плус по една држава која се издвојува на секоја страна од спектарот, Исланд е осамен на врвот, а Турција е закована на дното. Првата група ја сочинуваат земјите со низок ранг (под 35 години работен век) и во неа се Белгија, Луксембург, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. Втората група земји каде што работниот век е од 35 до 39,9 години ги вклучува Португалија, Шпанија, Кипар, Франција, Германија, Австрија, Чешка, Ирска, Велика Британија, Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Норвешка. Понатаму на скалата се Шведска, Данска, Холандија и Швајцарија, кои ја чинат третата група, со очекуван работен век од 40 до 44,9 години.

На врвот, Исланѓаните се недостижни за останатите европски нации. На далечниот северен остров просечниот работен век изнесува 47,4 години. Сосема на спротивниот крај на скалата е Турција, каде луѓето просечно работат по 28,5 години.

Во последните десет години, очекуваниот животен век со ЕУ се зголемува за 1,8 години во 2016 година. Работниот век на жените во ЕУ во периодот 2006- 2016 година се зголеми од 30,6 години на 33,1 години. Очекуваниот животен век на мажите се зголемува 1,1 година од 38 години во 2006 година на 39,1 години во 2016 година, забележува Еуростат.

Меѓу жените во ЕУ, најдолг работен век имаат Швеѓанките 40,3 години, а кај мажите Холанѓаните 42,5 години. Апсолутни шампиони во Европа се исландските мажи и жени, чиј работен век е долг 49,7 години, односно 45,1 години.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните