РАБОТА ЗА ИТ ИНЖЕНЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА: Платата стасува и до 8.000 долари, се повеќе се заинтересирани
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2021 08:00
Работа во старт ап компанија од Калифорнија која работи на платформа за е-трговија ќе плати ИТ инженер од Македонија со месечна плата од 7.000 до 8.500 долари. Позицијата е отворена, а огласот трае до 10 октомври. Но има и други слободни работни позиции и за плати од над 4.000 долари и моментно отворени се над 20 можности. За сите нив може да аплицираат Македонци, се разбира секако и ИТ експерти од целиот свет. Ги нуди Адева, ексклузивна технолошка мрежа која всушност ги поврзува најдобрите технолошки професионалци во водечки компании, организации и стартапи од светот. Нивната мрежа моментно сочинува инженери во повеќе од 35 земји.
Меѓу другите огласи кои моментно се отворени се такви за заднински софтвер, за креирање софтвери за услуги, или со јазикот на информатичарите full stack, back-end Front-end инженери. Сите работни позиции за инженери од селиот свет, а најчесто се бара соодветна диплома за компјутерски науки, за некоја сродна област или еквивалентно практично искуство. Предност имаат тие кои имаат над петгодишно работно искуство.
ИТ инженерите се едни од најплатените работници и во Македонија. Сепак според статистиката, платите кои ги добиваат овде се далеку пониски од тие кои може со оваа професија да се заработат надвор. Познато е дека многу наши професионалци, програмери и експерти од повеќе технолошки области со години работат надвор од земјава, многу често, живеат овде а се ангажирани за меѓународни компании.
Платите се далеку над македонскиот просек.
Според последните податоци просечната плата во јули во земјава е 28.540 денари.
Таа е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Секако највисока нето плата има во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде месечниот приход е 72.890 денари. Оваа, во споредба од платите кои се нудат надвор, секако е неспоредлива. ИТ експертите велат дека секако поради овие можности многумина од нив се ангажирани во компании надвор.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





