14 Декември, 2025
0.1905

ПУТИНОВИОТ ПРОПАГАНДИСТ ГО ФАЛИ МИЛАНОВИЌ - „Тоа не го кажува било кој, туку претседателот на Хрватска“

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2023 15:47

Добивај вести на Viber

Владимир Соловјев, главниот пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, во својата емисија ги пренесе изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за војната во Украина.

Очигледно, Милановиќ го воодушевил Соловјев со изјавата дека Америка преку Украина води прокси (посредничка) војна против Русија. „Без разлика колку Западот се обидува да го убеди светот дека нема да стане една од страните во конфликтот, сите одамна сфатија дека војната е во полн ек“, рече Соловјев во својата емисија на руската државна телевизија Русија. 

Ова го вели Зоран Милановиќ“, рече Соловиев, по што беше пренесена изјавата на Зоран Милановиќ за војната во Русија.

„Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија преку Украина. И обратно. Меѓутоа, ако ја немате крајната цел, ако немате план, тогаш завршува како Авганистан“, рече Милановиќ. „Планот не може да биде смена на Путин. Планот не може да биде санкции. Ова е глупост. Нема да постигнеме ништо. Не го скршија ни Милошевиќ со санкции. Одат од војна во војна. Што да бидеме ние? Американски робови? " додаде хрватскиот претседател.

„Добро е што се појавуваат политичари како претседател на Хрватска“

Пропагандистот на Путин Соловјев потоа ја коментираше изјавата на Милановиќ: „Тоа не го вели последниот човек во Европа, туку претседателот на Хрватска“.

Во истата емисија изјавите на Милановиќ ги пофали еден од гостите на Владимир Соловјев, претседателот на комисијата за одбрана во рускиот парламент Андреј Партаполов. Добро е што има политичари кои почнуваат да размислуваат за сопствениот народ, како претседателот на Хрватска“, рече Картаполов.

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?