Путин се сретна со Ле Пен - Може ли таа да биде европскиот Трамп?
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција беше примена денеска во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.
- Русија придава големо значење на односите со Франција, при што се стреми да одржува избалансирани дноси како со власта, така и со опозицијата, рече Путин.
Откако се појавија шпекулации дека Русија може да направи обиди за вмешување во француските избори преку хакерски напади слично како што Трамп во последните денови од кампањата доби предност пред Хилари поради нејзиниот скандал со мејловите, од Кремљ побрза да ја негираат ваквата реторика.
Во врска со претседателската кампања во Франција Путин истакна дека Русија „на никаков начин не сака да влијае врз актуелните настани, но го задржува правото да комуницира со претставиците на сите политички сили во земјата и појасни дека така се однесуваат и другите европски држави и САД.
Ле Пен му се заблагодари на Путин за средбата и нагласи дека меѓу Франција и Русија има длабоки културни, економски и стратешки врски.