ПУТИН НАЈОМРАЗЕН, А ДУДА И ЏОНСОН ОМИЛЕНИ КАЈ УКРАИНЦИТЕ: Анкетa открива какво е мислењето за светските лидери
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2022 07:20
Украинците не ги сакаат руските и белоруските лидери, а омилени странски политичари им се полскиот претседател Анжеј Дуда и британскиот премиер Борис Џонсон.
Над 90 отсто од Украинците имаат позитивно мислење за Дуда, покажа анкета на Рејтинг која е направена месецов. Во истата група спаѓа и британскиот премиер Борис Џонсон, за кого исто така позитивно се изјасниле над 90 отсто од испитаниците. Анкетата покажа дека 89 отсто имаат позитивен став кон американскиот претседател Џо Бајден, 73 отсто за литванскиот претседател Гитанас Наузеда, 71 отсто за претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, 59 отсто за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, 58 отсто за францускиот претседател Емануел Макрон и 50 отсто за романскиот претседател Kлаус Јоганис. За премиерот на Италија Марио Драги - позитивен одговор дале 45 отсто (не го познаваат – 25 отсто ), германскиот канцелар Олаф Шолц – 41 отсто. За унгарскиот премиер Виктор Орбан негативен став имаат 53 отсто. Само 20 отсто имаат позитивен став кон него, а исто толку не го познаваат.
Огромното мнозинство од испитаниците имаат негативен став кон лидерите на Белорусија (95 отсто) и Русија (98 отсто).
„Борис Џонсон ужива голема поддршка меѓу Украинците. Украинците беа загрижени за неговиот можен импичмент, децата му пишуваа писма и цртежи, а десертот Борис Џонсон добиваше популарност во кафуле во центарот на Киев. Ние сме му благодарни за поддршката за Украина, посебно за неговата позиција на Твитер со промената на корисничкото име Џонсонјук - презиме во украински стил. Полјаците по менталитет се многу блиски до Украинците. Имаме блиски економски, културни и образовни врски. Украинците се горди на полскиот лидер Анжеј Дуда за неговата јасна позиција за поддршка на Украина. Лично, верувам дека овие земји ќе бидат лидери во повоената обнова на Украина, обновата на нејзината инфраструктура и економија. Анжеј Дуда ги има сите шанси да стане нов лидер на Европа, а Полска лидер меѓу земјите на Европската унија“, вели социологот Олга Безрукова.
Во текот на изминатите два месеци, ставовите кон канцеларот Шолц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се подобрија, а ставовите кон турскиот претседател Ердоган и францускиот претседател Макрон се влошија.
87 отсто од испитаниците би го поддржале пристапувањето на Украина во Европската унија во случај на референдум (против – 4 отсто, не би гласале – 8 отсто). Поддршката за пристапување во ЕУ е едногласна меѓу претставниците на сите макрорегиони и возрасни групи.
69 отсто од испитаниците веруваат во влез во ЕУ за 5 години (40 отсто - во рок од 1-2 години, 29 отсто - до пет години). Други 14 отсто веруваат дека Украина ќе стане членка на ЕУ во следните 5-10 години, 3 отсто - за 10-20 години. Само 7 отсто не веруваат дека Украина ќе се интегрира во Европската унија.
Зголемена е поддршката за членство во НАТО: 76 отсто би ја поддржале иницијативата на референдум, 10 отсто не, а 12 отсто не би гласале.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




