14 Декември, 2025
0.0806

Путин му ветил на Додик дека Република Српска нема да биде оставена сама

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 17:22

Добивај вести на Viber

Со Путин разговарав повеќе од еден час, за Република Српска постојат два правци, вели лидерот на босанските Срби, Милорад Додик. 

Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за неговата посета на Русија. Тој се пофали дека со претседателот на Русија Владимир Путин разговарал повеќе од еден час, пренесува Кликс.

„Имав можност да го запознаам Путин со декадентното однесување на Западот во однос на човек кој не е легално избран за висок претставник“, рече Додик.

Тој додаде дека со Путин разговарал и за тоа како Русија ќе се однесува во однос на можноста високиот претставник Кристијан Шмит да му наметне одредени решенија на овој ентитет во однос на државниот имот.

Додик истакна дека во случај Шмит да наложи одлука за државниот имот на РС, истиот ден ќе одржи седница на Националното собрание и ќе донесе одлука за идниот статус на Република Српска.

„Постојат два правци – едниот е да исчезнеме и да престанеме да постоиме, а другиот е да ја зачуваме нашата независност. Морам да кажам дека одговорот што го добив е навистина охрабрувачки. Путин ја разбира ситуацијата и РС нема да биде оставена сама“, нагласи Додик.

Тој заклучи дека Русија отсекогаш го слушала гласот што доаѓа од ентитетот РС. 

Синоќа на митингот во Белград, Додик порача „Да живее Србија, да живее Република Српска, да живее Русија“. Инаку, Додик често ја споменува идејата за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина (БиХ). 

foto facebook/milorad dodik

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?