ПУТИН: Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина
Објавено во: Свет 19 Мај, 2025 19:47
Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина, кој би подразбирал и прекин на огнот.
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп. Разговорот, како што кажа Путин, бил суштински, отворен и исклучително корисен.
Путин додаде дека привремено прекинување на огнот во украинскиот конфликт е можно само ако се постигнат конкретни и соодветни договори.
Тој ја нагласи важноста од постигнување компромиси што би биле прифатливи за сите вклучени страни.
Руската инвазија на Украина трае повеќе од три години.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




