14 Декември, 2025
0.0350

„ПУТИН ГО НАДМУДРИ И ГО ПОНИЖИ ТРАМП“ – ШТО ПИШУВААТ БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР: Нема да му се допадне на американскиот претседател

Објавено во: Свет 20 Мај, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

Исходот од телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп е тешко да се протолкува поинаку освен како неуспех на американската страна, велат британските медиуми.

Во својата анализа, дописникот на „Американ Скај њуз“, Џејмс Метјуз, прашува како Трамп не може да го прикаже ова како нешто друго освен како свој неуспех.

- Неуспех во преговорите, дипломатијата и управувањето со овој конфликт. Ако Путин веќе не го надмудрил и понижил Трамп, тогаш изјавата што доаѓа од Москва само дополнително го потврдува впечатокот дека тој ги држи сите конци во свои раце. Пред разговорите со Путин, администрацијата на Трамп испрати пораки во согласност со политиката „Америка на прво место“, а Џ.Д. Венс рече дека САД се подготвени да се повлечат од конфликтот. Путин го слушна ова и одлучи дека вреди да се чека - бидејќи ако Американците се откажат, Украина ќе биде оставена на себе за понатамошен руски напредок на терен - пишува Метјуз.

- Украина и нејзините европски сојузници веќе некое време се плашат дека Трамп ги продава. Сепак, тие беа спремни да чекаат тој да го испорача големото решение што го најавуваше долго време, бидејќи знаеја дека не можат да го сторат тоа без САД. И сега, по тој клучен повик, тие се соочуваат со фактот дека ништо не се променило, а Украина е во уште потешка позиција. Русија очигледно игра тактика, чека и влече – без да презема никакви вистински чекори напред, само со цел да избегне конкретни потези. И покрај сè што Трамп кажа за решителноста и силата, во пракса тој не успеа да направи ништо - досега ѝ понуди на Москва само морков.

Дописникот на „Скај њуз“ од Москва ја гледа ситуацијата на сличен начин.

- Украина и нејзините европски сојузници ќе бидат разочарани, дури и загрижени, по прикажувањето на телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп од страна на Русија. Мислам дека европските лидери и Украина ќе бидат многу разочарани што Доналд Трамп очигледно не изврши поголем притисок врз Владимир Путин. Тие се надеваа дека ова ќе биде моментот кога Трамп конечно ќе ги спроведе своите закани во дело и ќе го принуди Путин да се приближи кон прекин на огнот.

Како што тој понатаму наведува, според тврдењата на Путин, во разговорот не се разговарало за санкции, а Трамп дури рекол дека Русија поддржува мирно решавање на кризата.

- Верувам дека оваа изјава на рускиот претседател ќе предизвика загриженост кај европските сојузници на Украина. Тие веројатно ќе го протолкуваат ова како уште едно одложување од руска страна и избегнување на јасен одговор на барањата за 30-дневен прекин на огнот. Се чини дека овој повик не донесе никаков напредок кон мировен договор, па дури ни прекин на огнот во Украина. Изјавата на Путин дека примирје е можно доколку се постигнат соодветни договори е во основа иста како онаа што Русија ја повторува веќе два месеци.

ФОТО: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск