Путин е задоволен од победата на Вучиќ во Србија
Објавено во: Балкан 03 Април, 2017
По вчерашните претседателски избори на кои убедливо во првиот круг победи популистот Александар Вучиќ меѓу првите кои му честиташе од светските лидер и секако рускиот претседател Путин.
- Вашата победа укажува на вашите напори насочени кон решавањето на економските и сите други задачи и предизвици со кои Србија се соочува, истакнал Путин за Вучиќ.
Непосредно пред изборите Вучиќ беше во посета на Москва каде се сретна со Путин што значеше силна поддршка и за неговата кампања, но и обид да се доближат двете земји во повеќе полиња на соработка и да ги одржат традиционалните врски. Токму Кремљ тоа ќе го очекува од претседателството на Вучиќ.