08 Мај, 2024
0.0277

Пуштена во употреба новата бензинска станица на „Макпетрол“ на автопатот кон Грција

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Од денеска започна со работа новата бензинската станица на „Макпетрол“, што се наоѓа на автопатот „Пријателство“, на правецот Демир Капија - Гевгелија, односно кај населеното место Мрзенци. Новиот објект, изграден според највисоките технички и безбедносни стандарди, ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со проширување и со подобрување, како на понудата, така и на услугите за потрошувачите.

На современата бензинска станица на автопатот кон Грција се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Се работи за нова генерација на овие горива што е базирана на Dual Action Technology. На бензинската станица потрошувачите можат да купат горива од 95 и од 100 октани, дизел, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Гасот за моторни возила ЦНГ (метан) нема да биде достапен на оваа локација. Во продажниот објект на бензинската станица, пак, има широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Реализирајќи ги своите стратешки приоритети, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици и инвестира во нови, модерни, објекти. Како најголем дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава, компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти. Тоа е уште една потврда дека „Макпетрол“ е посветен на обезбедување врвна услуга и квалитет за верните потрошувачи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“