ПУШАЧИТЕ МЕЃУ ЗДРАВЈЕТО И ПРОФИТОТ – како ќе се постапува на ова прашање, ќе се заштити јавноста, или ќе се остави „сами да му ја мислат“

Објавено во: Економија 29 Февруари, 2024 14:46
Македонците се најголемите корисници на цигари во регионот, а и пошироко, покажаа последните истражувањета направени на ова поле. Скоро половина од населението, или високи 48,40 проценти од жителите пушат цигари, за споредба во земјите од Југоисточна европа тој процент достигнува 22,30 отсто.
Дополнително, истражувањето кое го направи невладината организација „Аналитика“ покажа дека голем процент од малолетниците исто така пушат цигари, и што е уште полошо просечна возраст на започнување е 13,5 години.
Посебен проблем е здравствениот аспект, иако е општо познато дека пушењето носи многу здравствени ризици, тоа не е доволно експонирано, па голем дел од пушачите дури и забораваат на опасностите.
Докторите укажуваат дека пушењето или никотинот влијае врз мозокот и централниот нервен систем, но воедно и го потиснува апетитот, што е причина за прболеми со тежината, но намалување на апетитот на конзументите. Дополнително јаглерод моноксидот и катранот кои се дел од цигарите може да предизвикаат болести на дишните патишта, срцеви заболувања и рак.
Колку податоците за ризиците кои ги носи пушењето врз јавното здравје, но и потребата од поголеми финансии од буџетите на државата за лекување на различни болести и зачувување на здравјето на младите се причина за идни поригорозни или посеопфатни мерки за сузбивање на навиките е тема на која побаравме мислење од двете најголеми политички партии во земајва со оглед дека сега се кројат предизборните кампањи и ни следуваат двојни избори пролетва.
Акцент ставивме на плановите да се сузбие пушењето во затворен простор, во угостителски објекти, и во јавни институции, за кои граѓаните кажуваат дека иако е забрането често се наоѓаат „мртви точки“ каде се пуши, а дополнително постојано има луѓе низ ходниците со електронски цигари, кои не се внесени во ниедна категорија и како „полулегални“ се конзумираат насекаде.
Од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ потсетуваат дека во нашата земја веќе има „позитивно законско решение за регулирање на пушењето, закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ којшто предвидува и санкционирање“.
- Тоа што се случува сега е резултат од 2017 година, кога на фотографија во медиумите се гледа Љупчо Николовски со полн пепелник во министерска канцеларија, за сега да сведочиме "забава" на ДУИ во Собранието со цигари и пури. Не ги обвинувам граѓаните, со оглед на несовесноста на носителите на власта – посочуваат од ВМРО.
Од партијата сметаат дека најдобро решение за намалување на пушењето потребно е едноставно да се почитуваат законите, и истакнуваат дека нема друго решение.
- Но ако министри не почитуваат, не може тоа да го барате од граѓаните. Тоа што се случува е тежок политички кич. Апсолутно најважно е почитувањето на здравјето на граѓаните. Не може да се води државна политика делумно, да се ползува, во случајов, поскапувањето на цигарите како мерка кон намалување на пушењето, а од друга страна да се кршат закони во канцеларии или да се менува по потреба на функционери – појаснија од партијата.
Со оглед на зачестените поплаки од граѓаните за конзумирањето разни типови на електронски цигари, или цигари на несогорлив тутун, прашавме дали во иднина ќе се вклучат и новите типови цигари во рестриктивните мерки, однсоно дали ќе важат и за нив забраните за конзумирање во затворен протор.
- Секако дека ќе се разгледаат сите аргументи и ќе се преземе тоа што е препорака, а секако и тоа што е сега веќе норма во развиените држави. Најважно, законите мора да се почитуваат и тоа да важи за сите, без исклучок. Не може да има повик од министер за здравство како што имаше, а само неколку дена потоа, претседател на Собрание со партискиот лидер да пуши во Собранието, а за тоа нема одговорност. Тоа не смее да се случува – потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ.
Од владејачката СДСМ и покрај нашето инсистирање, не добивме став околу плановите за заштита на јавното здравје на граѓаните од шететните ефекти на цигарите, било да се обични или електронски, ниту пак програма за заштита на непушачите.
Истражувачкиот центар „Аналитика“ повикува на зголемување на акцизите за цигарите како едно од најбрзите решенија за намалување на користењето на цигарите во земјава. Според нив, со зголемување на акцизата, приливите во државниот буџет ќе пораснат од 227 до 312 милиони евра, но посебна придобивка ќе биде намалувањето на бројот на пушачите и намалувањето на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.
П.О.
Фото: freepik.com
Можеби ќе ве интересира
СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа
