07 Мај, 2024
0.0178

ПУКНА ЉУБОВТА МЕЃУ РОНАЛДО И ГЕОРГИНА? - португалецот е бесен на својата избраничка, таа троши и само троши

Објавено во: Спорт 22 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Односите помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез не се баш најдобри, па нивната врска е во голема криза, а според странските медиуми за се е виновна девојка од Шпанија, која со своето приватно однесување го излудува славниот Португалец.

Двајцата се заедно од 2016 година, имаат две деца, но нивната врска влезе во криза, бидејќи Роналдо е бесен поради ароганцијата на неговата избраничка откако пристигна во Саудиска Арабија.

Новинарот Даниел Насименто истакнува дека Кристијано во последно време не е среќен, што може да се забележи и на фудбалските терени.

"Роналдо не е среќен. Џорџина ги поминува деновите во трговски центри и веќе не му е смешно. Таа не прави ништо друго - само троши и троши. Најлошото е што таа мисли дека живее според неговите стандарди, но тој воопшто не му се допаѓа нејзиното однесување“, рече тој.

Курир спорт